Груби: Измените на Изборниот законик и на Уставот да се стават на маса на политичките партии, а не во медиуми

January 29, 2022
1 minut lexim

Измените на Изборниот законик и измените на Уставот мора да се направат со консензус и овие предлози да се стават на маса на политичките партии, а не во медиуми ако сакаме да бидат успешни, истакна првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби коментирајќи го барањето на опозицијата за намалување на бројот на пратеници и една изборна единица.

– Ме радува фактот што опозицијата или најголемата опозициска партија е подготвена за отворање на Уставот, во тој случај имаме ние и други теми кои треба да се вклучат во овие уставни измени, како што е спорот со Бугарија или вклучувањето на бугарската, хрватската, црногорската заедница и укинување на ограничувањето од 20 проценти за употреба на албанскиот јазик. Отворени сме за таа идеја и да ја збогатиме со други дополнителни идеи за да ги заокружиме сите отворени прашања, рече Груби во рамки на посетата на О.У. „Исмаил Ќемали” во Општина Чаир.

Одговарајќи на новинарско прашање за предлогот за укинување на техничката влада, Груби рече дека го поддржуваат и оти ова прашање нема да влијае на идејата за премиер Албанец.

– Ние го елабориравме ова прашање, го поддржавме и беше договорено меѓу нас и СДСМ пред изборите во 2020 година и мило ми е што и ВМРО-ДПМНЕ се приклучува на оваа наша иницијатива што ја имаме потпишано во договорот за коалицирање. Тоа никако не влијае на идејата за албански премиер затоа што договорот со СДСМ го имавме без техничка влада со политички премиер Албанец, посочи Груби.

Прашан за став за приклучувањето на поранешниот заменик-директор на ЕСМ, внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани кон Движењето Беса, Груби истакна дека тоа е негово легитимно право и му посакува многу успех.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Petkov: Me nisjen e bisedimeve RMV nuk anëtarësohet në BE

Story i radhës

“Omicron” rrit shtrimet në spitale, 100 pacientë brenda 48 orëve

Të fundit nga

LSDM zgjodhi kryesinë e re

Ish-ministrja e mjedisit jetësor Kaja Shukova, profesoresha e Fakultetit Juridik në Shkup Ana Çupeska, Metodija Ilievski-anëtar i Këshillit të Komunës së Manastirit dhe Kristina Kostova-anëtare e Bordit Qendror të LSDM-së, janë nënkryetarët
ShkoLartë