Град Скопје формира служба која ќе работи на повик на граѓаните 24/7

January 22, 2022
1 minut lexim

Град Скопје формира 24-часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните. Од страна на Градот назначени се одговорни лица кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните, а дополнително се екипира и служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на градот, кои ќе делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, информираат од прес-службата на градот.

Ова е едно од ветувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска како дел од проектите кои се спроведуваат уште во првите 82 дена од градоначалничкиот мандат. Овие проекти, како што велат од Град Скопје, се дел од превземањето активности на овозможување ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе допринесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани.

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Dimovski: Paga minimale duhet të rritet në 18 mijë denarë

Story i radhës

ВМРО-ДПМНЕ: Европол открива aтeнтат врз Вучиќ, од мaфијашот Звицер кому Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош

Të fundit nga

ShkoLartë