Градот „врие“ од полиција, се казнува овој сообраќаен прекршок

January 28, 2022
1 minut lexim

Зголемено присуство на полицијата на сообраќајниците во главниот град. Скопје вчера и денес „врие“ од полиција, а полицијата ги казнува ги казнува возачите за незастанување на пешачки премин и пешаците за  преминување надвор од обележан пешачки. Министерството за внатрешни работи спроведува акциска контрола која доаѓа по зголемиот број сообраќајни незгоди во која загинаа пешаци. 

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вели деа кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин. Казната за непочитување на оваа одредба е 200 евра во денарска противредност. 

Прекршочен налог од 30 евра ќе заработи пешакот кој не поминува на обележан пешачки премин. Законот вели дека на јавен пат што има обележани пешачки премини или посебно изградени премини, односно минувалишта за пешаци, пешакот е должен при преминувањето на патот да се движи по тие премини, односно минувалишта, ако тие од него не се оддалечени повеќе од 100 м. 

Од полицијата информираат дека министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Од таму додаваа дека санкционирани се 173 возачи, од кои 104 на територија на Скопје, 26 на територија на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Велес… При акциската контрола санкционирани се и 134 друг вид на сообраќајни прекршоци. 

Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли.

Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правоила ќе биде санкционирано, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Maqedoni: Caktohet seanca për shfuqizimin e “Qeverisë së Përzhinos”

Story i radhës

Грчкиот амбасадор Кундурос му ја пренесе на Ковачевски поддршката од Грција за преговори со ЕУ

Të fundit nga

​Sa paguhen policët në Evropë?

Niveli i pagave bruto të policëve në Evropë, duke përfshirë Mbretërinë e Bashkuar, varion nga 699 euro në Bullgari në 5761 euro në Danimarkë. Të dhënat i referohen një punonjësi policie 35-vjeçar
ShkoLartë