ВМРО-ДПМНЕ бара јавните обвинители да отворат предмет за тендерот на МВР добиен од фирма за товарен транспорт

February 6, 2022
min lexim

МВР со Оливер Спасовски дале половина милион евра на мала фирма за камионски транспорт, на тендер за соларни панели за топла вода и инсталација истите на полициски објекти. Се работи за Дон Холдинг, мала фирма од скопски Хром, добро позната на СДСМ со набавките во Ѓорче Петров, каде се прославија со набавка, тендер на 2 машини за перење од 25.500 евра! И за тоа нема истрага од МВР, нема истрага од институциите, обвинува на прес конференција портпаролот Наум Стиловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека вчера МВР на Спасовски го потврдила скандалот, со тоа што соопштило дека истата фирма и во септември лани го добива истиот тендер, ама бил поништен, па сега во јануари бил повторен.

-Значи, во септември малата фирма за товарен транспорт добила тендер од 500.000 евра од МВР за соларни панели, тендерот е поништен, па повторен сега и повторно истата фирма добива половина милион евра! Почитувани, следува уште еден факт за врската на СДСМ, Спасовски, МВР со Дон Холдинг на Слободан Настовски. МВР на Спасовски на Дон Холдинг, фирмата за камионски транспорт, во октомври само еден месец по септември кога бил поништен тендерот, и два месеци пред повторениот во јануари на Дон Холдинг му доделува тендер од 480.000 евра. Овој пат фирмата за камионски транспорт, е ангажирана за водоинсталатерски и канализациски работи во МВР. Договорот е направен на 13 октомври. Фирма за камионски транспорт добива тендер пред фирма специјализирана за водоводни и канализациски работи со 15 годишно искуство.

Според него главното прашање тука е како фирма за транспорт, товарен камионски транспорт, фирма на едно лице мала фирма за камионски транспорт, добива два тендери од по половина милион евра од МВР за соларни панели и за водоводни и канализациски изведувања?

-Како е можно МВР да даде тендер за соларни панели, со инсталација, со се, на фирма за товарен транспорт, фирма на едно лице, мала фирма според документите од Централниот регистар и од УЈП? Како е можно МВР да даде тендер за водовод и канализација, на фирма- за товарен транспорт, фирма на едно лице? По кои критериуми се воделе во МВР на Оливер Спасовски, па за соларни панели за топла вода, како и за водоинсталатерски работи да изберат фирма за- товарен камионски транспорт, и да и доделат два тендери во рок од три месеци вредни вкупно еден милион евра?, прашува Стоилковски и додава дека истата фирмабила замешана во тежок коруптивен скандал повторно со тендери со набавки на 2 машини за перење со вкупна вредност од 25.500 евра, договор тендер од градинка во општина Ѓорче Петров.

Стоилковски ги повикува Јавните обвинители да излезат од сенката на политиката и да отворат предмет за овој случај.

Вчера МВР најостро ги демантираше како дезинформации обвинувањата што ги пласираше политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„За транспарентно инфомирање на граѓаните, ве известуваме дека МВР во 2021 година согласно својата стратегија за енергетско-ефикасно и еколошко министерство, покрај исфрлањето на огревното дрво и мазутот од употреба, имаше предвидено постапка за инсталација на соларни системи. Првата постапка беше објавена во септември 2021 година и истата заврши со поништување од причина што остана само една прифатлива понуда на економскиот оператор Дон Холдинг, од три поднесени. По извршена анализа, единствената прифатлива понуда беше исклучена поради цени повисоки од проценетата вредност и постапката беше поништена“, сопшти МВР:

-Во декември 2021 постапката беше повторно објавена, беа поднесени две понуди, од кои по направената анализа беше донесена одлука за избор и беше избрана понудата на Дон Холдинг, која беше во рамките на проценетата вредност. И во двете спроведени постапки, критериумите беа исти односно се бараа минималните услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки и не постоеше ниту еден дополнителен критериум.За двете спроведени постапки не е поставено ниту едно прашање пред јавното отворање, каде било кој заинтересиран економски оператор може да даде забелешки за техничката спецификација или да бара промена на истата, ниту пак е поднесена жалба за тендерската документација или жалба на одлуката за поништување на првата односно избор во втората постапка.

Секој одговорен политички актер во земјава треба да го поздрави елиминирањето на огревното дрво и мазут од употреба и префрлање на дел од објектите кон користење на сончевата енергија, што е секако и поисплатливо, но пред се на тој начин придонесуваме за поздрава животна средина. Со спроведената набавка на 15 локации низ државата ќе се обезбеди топла вода во комплетната водоводна мрежа, па во 2022 година дел од објектите за прв пат ќе добијат топла вода во своето постоење. Опфатени се полициски станици, кујни, одморалишта, сместувачки капацитети во центар за обука Идризово.

МВР ќе продолжи со имплементација на стратегијата за енергетско-ефикасно и еколошко министерство, и ќе продолжи да ги охрабрува сите политички субјекти во државата вклучително и ВМРО ДПМНЕ да поддржат и да почнат да преземаат енергетско-ефикасни чекори за заштита на животната средина, стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Josifoski: Janë raportuar tre raste për kafshim nga qentë endacak në Tetovë

Story i radhës

Iu kishin borxh një shumë parash, si u mbajtën peng dhe u dhunuan brenda makinës për disa orë dy beratsit

Të fundit nga

Mexhiti: Në Vizbeg nuk do të ndërtohet baza e asfaltit

Zëvendëskryeministri i Parë dhe ministër i Mjedisit Jetësor dhe Planifikimit Hapësinor, Izet Mexhiti, sot vizitoi Zonën industriale të Vizbegut, ku takoi biznesmenët nga kjo zonë e Shkupit. Zëvendëskryeministri Mexhiti i cili realizoi

Kryeparlamentari Gashi pritet nga Kurti

12 Shkup, 25 nëntor –Kryeministri i Kosovës Albin Kurti ka pritur sot në takim kryetarin e Kuvendit të Maqedonisë së Veriut, Afrim Gashin. Gjatë ditës, Gashi u mirëprit nga homologu i tij
ShkoLartë