Власта уверува дека не се разговара за идентитетските прашања, опозицијата бара увид во нон-пејперот со одговорите до Софија

January 29, 2022
min lexim

Власта уверува дека со Бугарија не се преговара за идентитетот и јазикот, посочувајќи дека во разговорите се разменуваат само работни документи и дека кога ќе биде утврдена конечната рамка за решение, таа ќе биде објавена, додека опозицијата бара да и биде доставен нон-пејперот што во декември бил испратен во Софија, со оценка дека и се ускратува правото да даде сугестии.

Премиерот Ковачевски синоќа во интервју за националниот радиодифузен сервис посочи дека за јазикот и идентитетот ниту се разговара, ниту преговара, ниту ќе се преговара во иднина.

– Во овој момент постојат само работни документи кои се разменуваат со Република Бугарија, а кои ќе бидат објавени кога ќе бидат конечни и кога ќе биде утврдена конечната рамка која ќе претставува пат до финално решавање на спорот кој го имаме со соседната земја, истакна Ковачевски.

Тој потврди дека во однос на самите разговори земјава има јасно изградени позиции во Собранието, поддржани од сите политички партии и тие позиции се јасни и за Владата и за пратениците, политичките партии и сите граѓани.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера реферираше пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика за текот на разговорите и односите меѓу Скопје и Софија, кои, како што рече, се во фаза на размена на нон-пејпери и нема договорени предлози, уверувајќи дека не се преговара за идентитетот, јазикот и другите идентитетски атрибути.

– Кога сме кај чувствителните прашања, сакам јасно и гласно да повторам – никој не преговара за идентитетот! Јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек, на секој народ, на секоја етничка заедница, на секоја држава и тоа е неприкосновено право посилно од било кое друго право. За овие прашање ниту сме преговарале, ниту имаме право да преговараме, ниту некој некогаш ќе преговара, потенцира Османи.

Тој истакна дека преку мудар, рационален и аргументиран пристап Владата успеала да покаже дека тезите за негирање на македонскиот идентитет се ретроградни појави, дека не одговараат на современите цивилизациски вредности и дека успеала во тоа.

– Денес веќе не разговараме за идентитет, туку единствено за пристапот при утврдувањето на правото на самоопределување на секој – во согласност со постоечкото државно уредување кај двете држави. Тоа не води до сетот политички прашања кој до неодамна беше именуван како пакет 5+1, рече Османи.

Според него, во последно време почнала да се шири, како што рече, „една блага хистерија дека за вакви чувствителни прашања можни се ад-хок решенија” и оти некој може сам, преку ноќ, зад завесите, без знаење на граѓаните да донесе каква било одлука или договор на штета на нашите државни позиции поставени од декларацијата на Собранието.

– Сакам да порачам дека државниот тим целосно се води од државна позиција, дека секое прашање поминува низ неколку филтри – прво, тука се експертите и дипломатите во МНР, професионалци кои со овие прашања се занимаваат во дипломатијата независно која било политичка власт во државата. Тоа се истите луѓе со кои работеле и моите претходници, меѓу кои и сегашниот преседател на Комисијава, Антонио Милошоски, кога тој беше министер. Потоа е Владата, каде одлуките ги носиме заеднички, а секако на крајот и оваа Комисија, Собранието воопшто, и на крајот и граѓаните, рече Османи.

Според него, најчувствителните прашања и не се предмет на политички преговори, туку тие се предмет на разговори меѓу експертите во заедничката Комисија за историски и образовни прашања, која, како што рече, е независно тело и во чија работа ниту можеме ниту се обидуваме да се мешаме.

– За нас најважното прашање во тој пакет е токму имплементацијата на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година, преку одржување на првата Меѓувладина конференција, притоа, нашата клучна позиција е дека во самата преговарачка рамка, македонскиот јазик да биде третиран како официјален јазик на Европската Унија без никакви додатни квалификации како и прашања поставени од Бугарија, истакна Османи.

Таму, продолжи министерот, се и прашањата за принципот на самоопределување согласно уставните уредувања на државите, прашањето на говорот на омраза и рехабилитација на жртвите од комунизмот, нема ништо повеќе ниту помалку, ниту пак нешто спектакуларно со кое, вели, треба да ги плашиме граѓаните.

– Соодветно во фазата во која се наоѓаме во разговорите, тоа е фаза на размена на идеи, нон-пејпери, работни документи, па и обични разговори, ни сѐ уште не сме во можност да ги преставиме овде затоа што тоа не се договорени предлози. Не можете во сред разговори да ги преставувате нецелосните работни документи, затоа што со тоа ги нарушувате разговорите, подвлече Османи.

Тој истакна дека во првиот момент кога ќе се стигне до ситуација тие работни верзии да станат прифатливи за двете страна, пред да се одобрат или стават во функција, писмено ќе бидат доставени и до оваа Комисија и до пратениците.

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, по излагањето на Османи посочи дека со недоставување на работниот документ во однос на преговорите со Софија се изразува недоверба кон пратениците и се оневозможува тие да дадат свој прилог.

– Османи зборуваше да изградиме заеднички позиции, зборуваше за зрелост, за почит и за меѓусебна доверба. Како ние да имаме доверба како пратеници кои ги избрал народот, пратениците ја избрале Владата, а Владата не сака со нас да сподели еден нон-пејпер што во декември бил испратен во Софија. Како да ги изградиме тие позиции кога вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење, а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој нон-пејпер, кој сакаме да биде во согласност со декларацијата која ова Собрание ја усвои, вели Милошоски.

Според него, Османи прави преседан, бидејќи потврдува дека има документ дека истиот е неформален, дека е работна верзија, а ја ускратува можноста пратениците во таа работна верзија да го дадат својот придонес.

За поканата пратеници да дојдат во Кабинетот на министерот Османи за да им бидат прочитани нацрт-документите, Милошоски реплицираше дека уставниот систем во земјава е „министри да доаѓаат во Собранието, не пратеници да одат кај министрите”.

– Ако сакате кога било нешто да ни претставите, повелете во Собранието, ќе организираме затворена седница и ако сакате вие да читате – читајте, ние ќе запишуваме. Но, ако имате доверба треба да ги споделите тие документи затоа што Договорот што го потпишавте ви дадовме пет укажувања. Сите пет укажувања беа добронамерни, не беа вметнати и сите работи коишто не беа вметнати денес произлегуваат како проблеми од тој договор и откако е потпишан договорот тензиите помеѓу Македонија и Бугарија се пораснати за трипати повеќе од она што го имавме како релативно нормални односи во претходниот период, истакна Милошоски.

И бугарскиот премиер Кирил Петков вчера реферираше пред Народното собрание за односите со Скопје, каде на барање на партијата ГЕРБ одговараше на прашања за средбите со премиерот Ковачевски. Петков рече дека македонските министри кои престојувале во Бугарија биле во голем број и постигнале голем напредок во повеќето теми од разговорите со нивните бугарски колеги и се потпишани три меморандуми, во клучни области, меѓу кои и Коридорот 8.

Тој рече дека двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во Република Северна Македонија и рамковната позиција, при тоа посочи дека Ковачевски изјавил дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, без да каже временски рокови. Тој појасни дека веќе не зборуваме за пет плус едно, туку за четири плус едно барање и дека тоа само по себе е напредок. Тој информирал и дека на 4 февруари Бугарија и Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање.

Поранешниот бугарски заменик министер за надворешни работи, кој сега работи во невладиниот Институт за меѓународни односи, Љубомир Ќучуков, изјави дека на политички план Бугарија западна во целосна изолација во ЕУ заради спорот со Северна Македонија, губејќи ја сета своја предност како членка на Унијата, пренасочувајќи го притисокот од кандидатот за членка кон себе. Според него, каков и да е договор меѓу Бугарија и Северна Македонија, мора да биде поддржан и од парламентот и општеството.

– Спорот со Северна Македонија стана натревар во патриотизам во Бугарија. Главниот резултат на бугарско-македонските преговори е дека има согласност да се постигне договор, се менува климата на билатералните односи и веќе постои подготвеност за дијалог за спорните прашања. Единствениот начин да се случи тоа е преку меѓувладини преговори, вели поранешниот висок бугарски дипломат.

Претседателот Стево Пендаровски вчера прими претставници на ОМО „Илинден” и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија кои го информираа за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество. Во однос на дијалогот со Бугарија, Пендаровски оценил дека почнува нова фаза, а двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот.

– Претседателот Пендаровски смета дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде свој придонес за решавање на отворените прашања, соопштуваат од кабинетот на Пендаровски и посочуваат дека на средбата тој информирал дека наскоро ќе оствари официјална посета на Република Бугарија, каде ќе има разговори со претседателот Румен Радев.

Претседателот истакнал дека Република Северна Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство од 2017 година.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Shqiptarja mahnit jurinë e “The Voice of Finland”, ngrihen në këmbë dhe e duartrokasin

Story i radhës

Fëmijët afganë po vdesin nga uria

Të fundit nga

Betlehemi në hijen e luftës: Krishtlindjet pa gëzime

Krishti, sipas historisë së Krishtlindjesnë fenë e krishterë, lindi në një stallë në Betlehem. Arsyeja ishte se nuk kishte vend strehimi në Betlehem. Ndërsa sot, 2000 vjet më vonë, situata është krejtësisht ndryshe: pothuajse të
ShkoLartë