ВИДЕО | Ѓуровски: Војна меѓу НАТО и Русија нема да има

February 9, 2022
1 minut lexim

Украинско-руската криза и нејзините импликации, како да се пресели во пропагандна игра и како да не е веќе ургентна воена криза. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со професорот на Факултетот за безбедност и претседател на Политолошкото друштво на Македонија проф. д-р Марјан Ѓуровски

-Има интерес оваа безбедносно-воена криза да се пренесе на зелената маса за преговори. Овој конфликт меѓу Украина и Русија има подолга генеза, но тоа е повеќе конфликт меѓу НАТО и Руската федерација, вели Ѓуровски.

Јенс Столтенберг веројатно треба да му се заблагодари на Владимир Путин што ја разбуди Алијансата која беше под влијание на ковид-кризата, коментира Ѓуровски. За решавање на ситуацијата ставовите меѓу членките се различно, но сите се согласуваат со независноста и интегритетот на Украина како засебна држава.

-На прашањето дали ќе има војна меѓу НАТО и Русија, одговорот е – не. Но не е исклучено, поради големиот број војници натрупани на границата, да има мали изолирани конфликти, вели Ѓуровски.

Американскиот претседател Бајден успева некако да ги фати конците во оваа ситуација, но примарните интереси на американската администрација се насочени кон Австралија и Британија.

-Прашање е дали оваа криза ќе се префрли на полето на економијата имајќи го предвид гасот со кој располага Русија, вели Ѓуровски.

Тој додава дека конфликтот меѓу Русија и Украина главно се темели на проблемите меѓу руската и украинската православна црква, нешто за што малкумина знаат и се свесни, коментира Ѓуровски.

Ѓуровски смета дека македонски војници, како дел од НАТО, нема да се бара да учествуваат во какви било активности в Украина, но е можно да бидат распоредени на територијата на други земји членки на НАТО, како што е Полска. Тој додава дека е присутна руската пропагада во Македонија, но треба да се има предвид двојната игра на Русија кон нашшата земја.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

И младите скопјани добија Селфи-музеј – еве што нуди!

Story i radhës

Mitreski: Opozita dëshiron të krijojë incident në Kuvend

Të fundit nga

ShkoLartë