ВИДЕО | Прoф. д-р Стефова: Институтот за хемија при ПМФ ќе врши контрола во отстранувањето на линданот во ОХИС

February 9, 2022
min lexim

Изминатиот период сѐ почесто се актуализираше прашањето со отстранувањето на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС.

Конечно најавите се дека процесот ќе започне идниот месец, а во отстранувањето на контаминираната почва како и на опасната хемикалија ќе учествува грчката компанија „Полиеко“ во соработка со домашни компании.

Според податоците на Министерството за животна средина станува збор за 7.000 тони материјал, кој треба да биде безбедно складиран во специјализирани буриња кои, пак, ќе се транспортираат на безбедно уништување во Франција и Холандија.

Сите подготвителни активности за финализирање на планот за ремедијација, Министерството за животна средина ги спроведе со поддршка на УНИДО и УНОПС.

Како контролна лабораторија на Министерството за животна средина во процесот ќе се вклучи Лабораторијата за хроматографски анализи на Институтот за хемија која е првата акредитирана лабораторија за анализа на органохлорни пестициди и полихлорирани бифенили во примероци од воздух и почва во Македонија.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со раководителот на Лабораторијата за хроматографски анализи проф. д-р. Марина Стефова од Институтот за хемија на Природно математичкиот факултет.

На Институтот за хемија постои подолга историја во развивање и примена на хроматографски методи за анализа на различни видови соединенија во примероци од храна, вода и друго, како и генерално големо искуство во анализа на различни органски соединенија во комплексни матрици, вели проф. Стефова. Тоа искуство е стекнато низ работа на повеќе проекти, соработка со истакнати истражувачки групи од доменот на истражувања на природни производи и храна и е потврдено и со бројни научни публикации во врвни научни списанија.

-Од друга страна, за потребите на проектот за отстранување на линданот од ОХИС беше потребна акредитирана лабораторија за анализа на органохлорни соединенија во примероци од воздух, каква што немаше во Македонија. Од страна на Министерството за животна средина беше препознаена нашата експертиза и на нивна иницијатива и предлог до УНОПС и УНИДО, ние ја добивме потребната опрема, си го сработивме стручниот дел и конечно во декември 2021 ја добивме акредитацијата и сега Лабораторијата за хроматографски анализи на ИХ на ПМФ е лабораторија за тестирање акредитирана за анализа на органохлорни пестициди и полихлорирани бифенили во примероци во воздух и вода, вели проф. Стефова.

Таа вели дека нивна задача во текот на чистењето ќе биде да вршат следење на состојбата со загадувањето за време на чистењето, т.е. преку мониторинг на состојбата ќе треба да го информираат Министерството за животна средина дали настанува дополнително загадување на животната средина (почвата и воздухот) за време на процесот на чистење.

Во врска со тоа дали Институтот има направени некакви прелиминарни анализи со цел да се утврди состојбата на загаденоста на почвата и воздухот, проф. Стефова вели дека е направивена анализа на примероци од почва земена од неколку локации во кругот на фабриката ОХИС, но и на повеќе локации надвор од фабриката. Исто така во неколку наврати била направивена анализи и на примероци од воздух кои се земани во временски интервали во тек на 24 часа.

-Во процесот на анализа многу е специфично земањето на примероците од воздух кои во голема мера зависат од местото на поставување на филтрите, времето на земање проба, временските услови и токму поради тоа сме многу задоволни што успеавме да се справиме со тоа и станеме единствена лабораторија која зема примероци и потоа тестира присуство на полуиспарливи органохлорни органски соединенија во воздух, веи проф. Стефова.

Досегашните резултати укажуваат дека во воздухот се присутни линданот и дел од неговите изомери но во ниски концентрации кои се во рамки на дозволените граници. И во примероците почва кои се анализирани се детектирани ниски концентрации на линдан и изомерите кои се во ранг на μg/kg, со исклучок на примероците од непосредната близина на депонијата во кругот на фабриката.

Инаку, во тимот од Институтот се вклучени четворица професори од Институтот за хемија и тројца млади соработници.

-Нашите планови се многу амбициозни во насока на прожирување на апликативната и научноистражувачката работа во лабораторијата во насока на воведување на стандардни методи и развивање на нови методи со кои ќе може дасе следат различни органски загадувачи на животната средина, вели проф. Стефова за Утрински брифинг.

Добивме и научноистражувачки проект од стана на МОН во рамките на програмата поддршка за развој на лабораториски ресурси „Подобрување на капацитетот и компетентноста на Лабораторијата за хроматографски анализи за анализа на органски загадувачи во животната средина. Со овој проект е предвидено да се воведат методи за анализа на неразградливи органски загадувачи (POPs) во природни води, почва и воздух како и испарливи органски соединенија во воздух, додава таа.

Во Македонија следењето на загадувањето на воздухот се прави единствено преку следење на содржината на PM честичките, но не постојат анализи кои укажуваат на застапеноста на другите соединенија (испарливи и полуиспарливи) кои ќе може да се искористат за да се утврди причинителот на загадувањето, а врз основа на тоа и да се креираат политики за намалување на загадувањето.

-Нашата долгорочна цел е надградување и зајакнување на капацитетите на лабораторијата со опрема и кадар и постојано подобрување на компетентноста и компетитивноста за справување со најразлични аналитички проблеми. Со тоа, лабораторијата ќе ѝ служи на заедницата со вклучување во програми за мониторинг на органски загадувачи во животната средина како една од неопходните алатки за справување со загадувањето, а од друга страна ќе работи на постојана едукација на компетентни хемичари способни за справување со различни аналитички проблеми во компаниите и институциите, заклучува проф. Стефова.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Vrau gruan dhe doli të pinte kafen e mëngjesit, detajet nga krimi në Fier

Story i radhës

Seanca të pesë komisioneve të Kuvendit

Të fundit nga

ShkoLartë