ВИДЕО | Пендаровски: Државите ја имаат главната одговорност во заштитата на бегалците и човековите права

January 26, 2022
1 minut lexim

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо.

– Оваа конференција е силен пример за многу потребниот мултилатерализам и меѓународна соработка. Конфликтите, тероризмот, пандемијата, социо-економската и финансиската нестабилност и натаму ги нарушуваат начините на живот ширум светот. Тие продолжуваат да ги загрозуваат човековите права и слободи, предизвикувајќи хуманитарни катастрофи од големи размери и невиден број бегалци – лица на кои им е потребна заштита додека бегаат од прогон поради нивната раса, религија, националност, членство во одредена општествена група или политичко мислење, истакна Пендаровски.

Државите, како што посочи претседателот, ја имаат главната одговорност кога станува збор за заштитата на бегалците и човековите права. Затоа, како што додаде, мораме да предничиме во исполнувањето на обврските преземени со Глобалниот договор за бегалците и Глобалниот форум за бегалци.

– Како потписничка на Конвенцијата од 1951 година и преку својата долгогодишна соработка со УНХЦР, Северна Македонија покажа солидарност со бегалците од многу конфликти во поновата историја. Од војните низ поранешна Југославија во 90-тите години од минатиот век до стотици илјади што ја поминаа земјата во 2015 и 2016 година – без престан работевме за да им обезбедиме заштита на тие луѓе и да останеме цврст поддржувач на споделената одговорност на глобално ниво, рече шефот на државата.

Пендаровски истакна дека по падот на Кабул неодамна, водени од чувството на морална обврска и солидарност, потврдувајќи ги нашите меѓународни обврски и во согласност со нашата традиција, веднаш ја огласивме нашата подготвеност да прифатиме авганистански бегалци.

Ковид-19, како што нагласи претседателот, ги предизвика нашите начини на живеење на многу нивоа, а во исто време не турна кон преиспитување на нашите ставови за различни аспекти од животот. Сепак, како што додаде тој, во никој случај не треба да дозволиме пандемијата да послужи како оправдување за недостатокот на солидарност.

– Низ овие години на големи предизвици, потребно ќе ни биде сè посилно и подлабоко партнерство и солидарност. Во оваа смисла, од суштинско значење ќе биде, истакнати експерти и академици, како и практичари со големо искуство во областа, да ни дадат препораки за тоа што државите, граѓанското општество, приватниот сектор и сите луѓе со добра волја можат да направат заедно на полето на заштитата на бегалците со цел да се прошират можностите за подавање рака на оние на кои им е потребна во деновите кога владее безредие, рече Пендаровски.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

„Да го испратиме со песна нашиот Аки“ – последна почит на Градскиот плоштад во Скопје

Story i radhës

Mbi 8 mijë raste aktive me Covid-19 në Prishtinë

Të fundit nga

ShkoLartë