ВИДЕО | Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ е за мнозински изборен модел, но прифаќа и една изборна единица

February 1, 2022
min lexim

БМРО-ДПМНЕ вчера избра двајца нови потпретседатели и двајца останаа истите како и претходно. Еден од новите потпретседатели е Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сметам дека промените вчера што се случија се добра симболика по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што беше резултат на добрите политики на партијата. Резултатот покажа дека граѓаните сметаа дека политиките на дотогашната власт не се добри и ја дадоа довербата на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата следна цел е предвремени парламентарни избори и добрата локална политика да се пренесе на национално ниво, вели Муцунски за Утрински брифинг.

Муцунски вели дека партиското освежување со нови луѓе ќе продолжи со квалитетни кадри како што е Сашо Клековски и Маја Кадиевска Војновиќ. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ со промената на статутот веќе направи исчекор во внатрепартиската демократија. Муцунски коментира дека Христијан Мицкоски беше единствен кандидат за претседатл на партијата поради неговите заслуги во водењето на партијата во претходниот период, но тоа не било пречка и некој друг да се кандидира.

Муцунски вели дека жените се добро застапени во телата на партијата и дека станува збор за квалитетни луѓе кои се докажани во својата професија. Тој додава дека во телата на партијата има и мажи и жени од различни професии и дека тоа е нужно за квалитетни дискусии и носење политики.

-Спорот со Бугарија е наметнат од нашиот сосед и излегува од европските рамки. Тешко е да кажам однапред дали ќе прифатиме некое решение или не. Ние инициравме декларација во Собранието која ги одредува црвените линии. Сѐ што се прави во рамките на тие црвени линии за нас е прифатено и затоа и беше изгласана, вели Муцунски.

Тој вели дека го загрижува тоа што не располагаат со сите информации и имаат чувство дека се преговара за нешто вон тие црвени линии.

Во врска со изборниот законик и иницијативите за негова промена кон една изборна единица Муцунски вели дека ние како држава постојано го менуваме Изборниот законик и сега има многу нелогичности. Мицкоски предложи сеопфатна промена на Изборниот законик кој ќе биде поволен за малите партии но и за демократијата на земјата.

-Според мене најдобро би било да има еден изборен модел. Ние се согласуваме и со една изборна единица и за 90 пратеници во Собранието. Нам ни треба Собрание кое квалитетно ќе работи и ќе биде сервис на граѓаните и треба да работиме кон таков изборен модел што ќе го постигне тоа. СДСМ се плаши од мнозински изборен модел затоа што ќе треба да се соочи со гласачите, а ние немаме проблем со една изборна единица, вели Муцунски.

Како градоначалник на Општина Аеродром, Муцунски вели дека службите се подготвени за справување со снегот, како што беше и кога падна претходниот снег во соработка со Град Скопје. Тој истакнува дека Аеродром беше прва општина која ги исчисти и велосипедските патеки. Секој градоначалник треба да обезбеди непречено функционирање во општината.

За почетокот на второто полугодие од учебната година, Муцунски вели дека и градоначалникот и директорите на училитата мора да ги почитуваат и применуваат законските одредби и апелираат да се почитуваат донесените мерки за заштита од коронавирусот.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Видео: Несовесен посетител ги малтретира животните во скопската ЗОО

Story i radhës

Komanda Ajrore e NATO-s publikon pamje të misionit të forcave polake dhe belge mbi Detin Baltik

Të fundit nga

ShkoLartë