ВИДЕО | Дувњак: Уставен суд е поле за меѓупартиски пресметки, ја губи улогата на чувар на уставноста и законитоста

February 10, 2022
1 minut lexim

Ситуацијата во која се најде Уставен суд беше очекувана и најавувана особено откако лани тројца судии си заминаа а имаше најава и за заминување на четвртиот на 1 јануари. Мешаницата која сега настана исфрли проблеми на виделина, кои можат да се сведат на три нивоа на конфликт, коментира за Утрински брифинг новинарката Гордана Дувњак во редовната рубрика „Има ли правда“.

-Прво, кадровски во Комисијата за избори и именување на Собранието. Второ, нерамномерноста во распределеноста на силите во комисиите. Вчера еден од пратениците рече дека за нив дел од понудените кандидати не се соодветни и може да дојде или да се отфрлат или мнозинството да ги именува со надгласување овие предлози, а со тоа ќе продолжи блокадата на работата, вели Дувњак.

-Третото ниво е најсуштинско и подлабоко. Изјавата на професорката Иванка Василевска дека на Уставниот суд му треба ресет е затоа што Уставниот суд ја изгуби својата позиција и стана полигон на меѓупартиски делби и препукувања. Судот ја изгуби својата улога на чувар и не успеа да се одбрани себеси со својата професионалност, вели таа.

Дувњак додава дека таму може лесно да се пребројува распоредот на силите, а тоа пак говори дека работите „тргнале по ѓаволите“. Она што загрижува е што не можат да излезат од партискиот елек и политиката го надвладува правото, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Низ Скопје во минатото шетале камили

Story i radhës

Kishin bërë gati për shitjet dozat e kokainës dhe heroinës, si ranë në pranga 3 të rinj në Elbasan

Të fundit nga

​Fushë Kosova me rrethinë mbesin pa rrymë

Komuna e Fushë Kosovës me rrethinë ka mbetur pa rrymë nga ora 12:00. Sipas Operatorit të Sistemit, Transmisionit dhe Tregut (KOSTT kjo komunë mbetet pa rrymë deri në orën 15:00. Sipas KOSTT,
ShkoLartë