Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, е снимен како пее песна посветена на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа, кој владеел со Албанија од 1944 до 1985 година.
Видеото на кое се гледа како Ахмети „со душа“ ја пее песната, го објави порталот Алмакос:
Во биографијата на Ахмети пишува дека тој во младоста бил марксист-ленинист, па можно е оттаму да потекнува неговата почит за Енвер Хоџа.
Хоџа главно е перципиран како негативна фигура во историјата на Албанија, земја која за неговото владеење била многу сиромашна и изолирана безмалку од целиот свет, а илјадници дисиденти и политички противници на диктаторот биле егзекутирани. Десетици илјади луѓе биле спроведени во кампови за принудна работа во времето на Енвер Хоџа.