Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, попладнево на Фејсбук напиша дека е започнат социјалниот дијалог за достоинствено вреднување на трудот. Според него, колку ќе трае зависи од дискусијата.
-Ќе разговараме се додека не се усогласиме. Човечкиот капитал е највредниот ресурс и во тоа сите сме согласни. Мојот личен влог и оној на сите социјални партнери, во покачувањето на минималната плата, е со највисок приоритет и покачување ќе има, најави Битиќи.
На заедничка маса седнаа претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија, на Организацијата на работодавачи и на Владата. ССМ бара веднаш минимална плата од 18.000 денари.
За поддршка на предложеното законско решение во Собранието, засега се изјаснија Левица, ДОМ и Демократски сојуз.