Анти-ковид протест во Струмица, демонстрантите бараат учебната година да продолжи без протоколи за децата

Здруженијата „Од нас за нас” и „Слобода и правда” денеска со протестен караван со автомобили и вклучени сирени побараа учебната година да продолжи со физичко присуство и без протоколи за децата, а се и со категоричен став дека маските не треба да се носат во училиште.

-Ние како здружение излеговме со став уште на 30 август дека поддржуваме физичко присуство без никакви протоколи за децата. Се уште сме на тој став и сметам дека децата треба и е потребно да бидат во училишните клупи и заради подобро образование и заради нивната дружба, меѓутоа маските, особено маските од сите протоколи, не треба да ги носат, рече Гордана Гоџо, претседателка на Здружението „Од нас за нас”.

Од Здружението „Слобода и правда” од Струмица велат дека со актуелните протоколи се кршат повеќе закони и голем број човекови права.

-Имаме повторно поднесено барање до училишните одбори да ни кажат дали тие ги имаат усвоени протоколите, а ако не по кој закон и по која основа ги применуваат протоколите, рече Лидија Панова од Здружението „Слобода и правда”.

Граѓаните и здруженијата кои не ги поддржуваат ковид-мерките повеќе месеци повремено протестираат со организирање протестни каравани со автомобили и бараат укинување на мерките.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Ndërrimi i ministrave të Arsimit ngadalëson procesin e reformave

Story i radhës

Aksident i rëndë në aksin Rrogozhinë-Peqin, 2 persona në gjendje të rëndë

Të fundit nga