Активни 14.336 случаи, идната недела ќе се утврдува дали неколку пациенти го имаат подвидот на омикрон БА2

February 3, 2022
1 minut lexim

Активни се 14.336 случаи во државава од кои најголем број 8031 се во Скопје. Според вчера објавените податоци при направени се 4.667 тестови, регистрирани се 1.543 нови случаи со ковид-19, 18 починати лица и 1.961 оздравен пациент.

Примероци од пет пациенти тестирани за ковид-19 со наменски тестови кои ги користи Институтот за јавно здравје се селектирани за секвенционирање, кое почнува во понеделник, а дали кај нив ќе се потврди присуство на варијантата на омикрон позната како БА2 ќе се знае по завршувањето на секвенционирањето односно по една недела. Официјалниот извештај ќе следи откако ќе заврши целата процедура, изјави вчера за МИА д-р Дугадин Османи од Институтот за јавно здравје.

Овие пет, посочи тој, имаат индиции на овој тест дека се работи за таа подваријанта, но не може да се потврди додека не заврши секвенционирањето.

– Начинот да се потврдат кои било варијанти нови или тие што веќе се во оптек во светот е секвенционирањето. Во светот има и нови тестови кои даваат насоки за која варијанта или подваријанта се работи. Тие се наменски направени за постоечките варијанти. Во ИЈЗ ги користиме и тие тестови и тие најмногу користат како тест за селекција за секвенционирање. Не само тие пет може да има и други селектирани примероци. Можно е да се најде варијанта која воопшто не постои во светот, рече д-р Османи.

Од Министерството за здравство за МИА информираа дека до овој момент, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје не се детектирани подваријанти на омикрон.

– Стручните лица ги селектираат примероците кои се квалификуваат за да се секвенционираат и јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови аспекти од овој процес, потенцираа од Министерството за здравство.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од ковид-19.

Моделот, како што соопшти владината прес-служба, подразбира дека секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение ќе има пристап преку веб-страница единствено до своето решение за изолација без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

За постапката за пристап до решенијата која ќе се одвива преку веб платформа, граѓаните ќе бидат навремено информирани во рокот утврден за примена на новиот начин на испорака на решенијата за изолација до граѓаните, информираат од владината прес-служба.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Vendet që do të mbesin pa rrymë sot dhe orari i ndërprerjeve

Story i radhës

33,538 raste aktive me coronavirus në Kosovë

Të fundit nga

Përse macet flenë dy të tretat e jetës?

Jeta e maceve shtëpiake përbëhet nga katër aktivitete – loja, gjuetia, ngrënia dhe gjumi. Pasi kanë prejardhjen nga macet e egra, kjo në ambient të hapur ka plotësisht kuptim, sepse janë grabitqare
ShkoLartë