Ако сте примиле три дози вакцина, само два отсто се шансите да завршите во болница, вели д-р Исјановски

January 21, 2022
1 minut lexim

Директорот на Здравствениот дом Скопје, д-р Виктор Исјановски, вечерва информира дека последните податоци покажуваат дека има многу помал интерес за вакцинација.

-Од декември до втората недела на јануари на територија на град Скопје имаме аплицирано 30.535 дози, а 16.335 се со трета доза. Остатокот е многу мал со прва доза. Опаѓа интересот, посочи Исјановски во емисијата „Топ тема“.

Докторот наведе податоци од едно истражување од еден институт во Италија, во однос на вакцинирањето.

-Лицата со примена трета доза, 98% се шансите да не завршат со хоспитализација, а оние со примена втора доза, шансите се 75%. Апелирам сите што примиле две дози да се вакцинираат и со трета. Нема потреба од испитување антитела, гужви и трошење пари, појаснува д-р Исјановски.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

PDK në Podujevë merr dy drejtori, kryetari Bulliqi “s’i njeh politikisht”

Story i radhës

Petliçkovski: Duhet të mendojmë për heqjen e çertifikatave për Covid-19

Të fundit nga

ShkoLartë