Аеродром ќе добие три нови градинки, бидејќи 800 деца чекаат за престој, најави Муцунски

January 25, 2022
1 minut lexim

-Нова градинка не е направена во последните четири години. Нема никаква инвестиција во ширењето во инфраструктурата на училиштата. Вие морате да градите нови градинки кои што ќе го апсорбираат тој притисок кој што се создава, имаме застрашувачки бројки, околу 800 деца чекаат за престој во градинка. Тоа е проблем кој што не смееме да си го дозволиме, вели градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски во гостување во утринската програма на МРТ.

Муцунски рече дека оваа година е предвидено да се изградат три градинки во Долно Лисиче, Мичурин и Стар Аеродром, но дека до крајот на мандатот бројот на изградени градинки ќе достигне до пет, посочувајќи дека се уште се размислува за локација.

-Оваа година почнуваме со инвестиција во три нови градинки и тоа во Долно Лисиче, Мичурин, Стар Аеродром. И сакаме во текот на следната година да почнеме со уште една локација во Лисиче. И јас сум тука искрено ќе ви кажам амбициозен и верувам дека до крајот на мандатот иако во кампања ветивме четири нови градинки, ќе најдеме начини и петта градинка да имаме до крајот на мандатот. Но, тука ќе треба внимателно демографски да видиме каде таа идеално би ја ставиле. Во овој момент се уште размислуваме за локација, рече Муцунски.

Муцунски нагласи дека жителите на Лисиче се соочуваат со нерешени одредени имотно правни односи, додавајќи дека најпрво ќе мора да се донесат ДУП-овите се со цел да се решат овие проблеми, како и дека во тој дел од општината се предвидени над 800.000 евра за инфраструктурни проекти.

-Во Лисиче, таму мора ДУП-ови да се донесат бидејќи одредени имотно – правни аспекти на секојдневно функционирање и живеење на нашите граѓани кои што живеат во тој дел на општината не е решен. Значи ние мораме ДУП-ови да донесеме и за Горно и Долно Лисиче. Тоа ние приоритет за оваа година да се заврши. Исто така имаме и одредени планирани инвестиции во делот на разгледување на подобри услови од гледна точка на јавните работи, игралишта детски, сакаме од оваа година да го отпочнеме процесот за изградба на спортскиот центар „Пирин” во населба Лисиче. Имаме планирано доста средства кои се наши средства но исто така и средства кои што ги добиваме од одредени меѓународни организации како Светската Банка во делот на инфраструктурата во населба Лисиче, Долно Лисиче. Имаме многу прашања кои што треба да се решат, таму се примарно инфраструктурни, таму се имотно –правни аспекти, да го убрзаме процесот на легализација на имот, имаме сериозни амбиции за тој дел од општината, вели тој.

-Во Долно Лисиче нема градинка. Таму инфраструктурата е голем проблем. И за тоа имаме намера да вложиме многу големи средства приближно сигурно над 800 илјади евра во инфраструктурата во тој дел од општината оваа година, објасни Муцунски.

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Shtatë raste të dhunës në familje, katër përfundojnë në procedurë të rregullt

Story i radhës

Tragjedi, tifozët vdesin në kangjellat e stadiumit

Të fundit nga

ShkoLartë