Халили: Новиот пристап во македонско-бугарските односи ќе даде резултати

Претседателот на Советот на амбасадори и поранешен амбасадор во Данска, Мухамед Халили, смета дека ваквиот нов пристап меѓу Македонија и Бугарија ќе даде резултати.

-Процесот да не застане на сред пат. Досега политичките лидери, особено претходниот бугарски премиер, беше пречка за развојот на добрососедските билатерални односи во соработката. Сепак, не можеме да имаме брзо решение. Ако не се создава клима на соработка, долго ќе чекаме до саканите резултати, рече Халили во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Во политиката е можно и повторно да извисиме како што претходно чекавме на влезот во НАТО и грчкото вето, но лично сметам дека тоа сега нема да биде од причина што веќе имаме активен дијалог, вели Халили.

-Најмалку што очекувам е оваа Влада и ЕУ да ги почнат преговорите, тврди Халили.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

​Osmani: Distria është fytyra dhe nderi i Kosovës

Story i radhës

Reagon Dj PM pasi Einxhel Shkira theu krahun dhe iu nënshtrua operacionit

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish