Се расчистува снегот во општина Кисела Вода

Се расчистува снегот во општина Кисела Вода.

„Уште од рано изутрина започна чистењето на сите улици, при што најголема потреба од интервенции има во селото и населбата Драчево и во Потстаница, заради специфичната конфигурацијата на теренот.

Со камиони и специјални машини за чистење на снежните наноси се интервенира по сите улици, се расчистуваат приодите до училиштата и градинките, како и автобуските постојки. Ќе се чисти во сите месни и урбани заедници. Воедно, општинските служби реагираат и по пристигнатите пријави од граѓаните за потреба од дополнителни интервенции.

Потсетуваме на контактите на Општина Кисела Вода: телефонскиот број 075/309-548 (Далибор), на [email protected] или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода, кои за граѓаните се достапни 24 часа. На располагање за неопходните потреби на граѓаните повторно се ставени службените возила на општината.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот за внимателно упваување со возилата, а до сопствениците на деловните објекти да ја исполнат својата законска обврска за расчистување на снегот од пред влезот на објектот. Ваква обврска имаат и сите други граѓани кои треба да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите“, се вели во соопштението.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Bashkia e Shkupit: Borxhet për ujë mund të paguhen me këste pa llogaritjen e interesit deri më 15 mars

Story i radhës

Д-р Даниловски: Се заразуваат и вакцинирани зошто се вакцинираа со кинески вакцини

Të fundit nga