Секој трет тестиран има корона, за една недела од ковид – 19 во Македонија починаа 148 граѓани

Последнава недела, од 24 до 30 јануари, во земјава како последица на ковид- 19 починале 148 граѓани, објави Институтот за јавно здравје во својот неделен извештај. Тоа претставува зголемување на смртноста за 40 проценти споредено со претходната недела.

Тестирани се 38.518 брисеви за ковид, а од нив 11.916 биле позитивни, што претставува зголемување на бројот на позитивни тестови за 2.7 проценти споредено со претходната недела. Позитивните случаи се од 35 градови во државата, а најголемиот број заболени, односно 6.033 лица се од Скопје.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.558 реинфекции, скоро идентично во однос на претходната недела.

Најголем дел регистрирани заболени од ковид- 19 има во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга, Крива Паланка и Дебар.

Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 671 лице што претставува зголемување на обемот на хоспитализации за 22 проценти споредено со претходната недела.

Од нив 390 се на кислородна поддршка, вкупно 14 проценти повеќе отколку минатата недела.

Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура, кашлица и малаксаност. Регистрирани се 66.947 асимптоматски случаи. Во однос на коморбидитети, 43.530 лица имаат кардиоваскуларна болест, 14.275 дијабет, 6.192 се со хронична белодробна болест и 16.225 со други хронични болести.

Од почетокот на пандемијата, пријавени се 1.262 случаи кај бремени жени и 8.096 здравствени работници. Во однос на импортирани случаи регистрирани се 8.575 случаи кои патувале во период од 14 дена пред појавување на симптоми.

Регистрирани се 62.750 потврдени случаи кои имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Заклучно со 30 јануари годинава, вкупно се регистрирани 6.494 реинфекции, од кои 17 се втори реинфекции.

Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на Омикрон варијантата. Детектирани се и примероци со Делта сојот.

Од реинфекциите, 13 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 9 смртни случаи кај бремени жени и 37 смртни случаи кај здравствени работници. Од смртните случаи, 594 починале во вонболнички, а 7.815 во хоспитални услови.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Shaqiri: Shkollat janë gati për mësim me prezencë fizike, të respektohen protokollet

Story i radhës

Prokuroria në Prizren ngrit aktakuzë ndaj një personi për keqpërdorim të pozitës apo autoritetit zyrtar në Prizren

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish