Пожар во стара куќа во делчевското село Ѕвегор

Во делчевското село Ѕвегор во тек е акција за гаснење на пожар во стара куќа. Очевидци кои учествуваат во гаснењето, велат дека пожарот избувнал околу 12 часот по што е пријавен во Територијалната противпожарна единица.

– Пожарот избувна околу пладне. Пожарникарите бргу реагираа, сè уште гаснат за да не дојде до палење на сувите дрвја кои се наоѓаат во близина на куќата и со тоа да не се прошири на околните куќи, вели Оливер Ангеловски од селото Ѕвегор.

Во гаснењето на пожарот учествуваат тројца пожарникари со две возила, а присутни се и припадници на полицијата кои ќе извршат увид по завршување на акцијата. Околу можните причини за пожарот, полицијата најави детали во текот на денот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Kodra e Diellit: Edhe sezoni i ri pa investime serioze

Story i radhës

KEK deklarohet për rikthimin në punë të bllokut B2

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish