Пожарот во Битола е ставен под контрола, се чуваат силосите со жито во близина

January 23, 2022
1 minut lexim

Големиот пожар кој избувна попладнево во објектот на „Жито Битола“ e ставен под контрола, соопшти противпожарната служба. Командирот на битолските пожарникари Горан Димковски за локалната телевизија Тера изјави дека интервенирале 27 пожарникари од битолската единица, на кои напомош им пристигна и едно возило на РЕК Битола.

Во моментов, пожарникарите и полицијата се ангажирани во чување на силосите полни со жито, кои се наоѓаат во близина.

Дел од пожарникарите ќе останат на местото цела ноќ, за да ја следат состојбата.

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, кој вечерва беше на местото, вели дека во моментот кога избил пожарот во фабриката имало двајца вработени, кои навремено биле евакуирани. Според првичните информации, се смета дека пожарот почнал од покривот на објектот, кој е целосно изгорен.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

LSI do të marrë pjesë në zgjedhjet vendore

Story i radhës

Përse po bie borë në shkretëtirën e Saharasë?

Të fundit nga

ShkoLartë