d0bfd0b5d186d0b0d0bad0bed0b2 d181d0b5 d182d0b5d181d182d0b8d180d0b0d0b2 d0b7d0b0d180d0b0d0b4d0b8 d0bfd0b0d182d183d0b2d0b0d19ad0b5 d0b2 61eb405961b2e

Пецаков: Се тестирав заради патување во Банско, сега имам негативен тест и немам никакви симптоми

January 21, 2022
1 minut lexim

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, за кого беше објавено дека позитивен на ковид-19 учествувал во прославата на Водици на која имаше илјадници луѓе, за А1он вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и се појавил на манифестацијата, бидејќи немал никакви симптоми, а тестот го направил заради патување. Следниот ден направил уште еден тест, кој бил негативен, вели тој.

„Немав и се уште немам никаков симптом на коронавирус. Ме прашувате зошто не сум се изолирал по тестирањето, тоа е едноставно, јас отидов да се тетсирам оти имавме уплатено зимување Банско од 20 до 23 јануари. Бугарија ги смени правилата за влез и покрај вакцините бараа и ПЦР тест, па затоа го направив тестот. Излезе позитивен и многу ме зачуди, не очекував затоа што немам симптоми, никој дома не е позитивен, па затоа следниот ден направ уште еден тест. Вториот тест излезе негативен, но без разлика на тоа откако го добив решението останав дома, не заминав во Банско“, објасни градоначалникот Пецаков, кој ги приложува и негативниот тест.

Идентични исходи од тестовите добил и општинскиот секретар, Александар Китески, кој вели дека и тој добил позитивен резултат, а денес повторно се тестирал и резултатот бил негативен.

„И мене ме исплаши позитивниот резултат, не го очекував оти се тестирав заради патување. Појдов на матичен, направив крвна слика, сѐ е во ред, немам никаков проблем. И јас направив уште еден тест и еве денес, исто како градоначалникот добив негативен резултат, што ме наведува да мислам дека позитивниот резултат бил грешен. Двајцата сме вакцинирани, прележани коронавирус пред вакцинирањето и што е најважно, немаме никакви симптоми“, вели Китески за „А1он“.

Китески вели дека оваа ситуација го тера да се посомнева дека позитивните тестови му биле подметнати нему и на градоначалникот.

„Направени се во иста институција и исти се и кај мене и кај градоначалникот. Еднаш позитивни, еднаш негативни. Сега и со ова што објавувате ме наведувате да се посомневам дека се подметнати“ вели секретарот Китески во изјавата за порталот.

Тој тврди дека никој не ги предупредил дека, без оглед на причината поради која се тестираат, резултатот треба да го чекаат во изолација.

„Ако некој не предупредеше, нема зошто да не го почитуваме тоа. Ние не се криевме, се движевме на јавни места“, објаснува Китески.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

e2808bngjarjet e dates 22 janar 61eb3f3d2d3bb
Story i mëparshëm

​Ngjarjet e datës 22 janar

arsenali pergatit kontraten e re per mikel artetan 61eb410d3f744
Story i radhës

Arsenali përgatit kontratën e re për Mikel Artetan

Të fundit nga

ShkoLartë