Нова трагедија во семејството Филиповиќ: Мајката на Јелена била зад воланот во сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“

January 26, 2022
1 minut lexim

Нова трагедија во кумановското семејство Филиповиќ. Како што дознава „Слободен печат“, во сообраќајката во која денеска загина пешак на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, зад воланот на возилото марка БМВ била мајката на загинатата Јелена Филиповиќ – девојката чии фотографии на билборди осамнаа пред скопскиот кривичен суд со напис „Возев пијан и дрогиран, ја убив Јелена“.

Како што дознава „Слободен печат“, обвинител од ОЈО Скопје извршил увид и презема дејства за утврдување на фактите за настанатата трагедија во близина на мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје.

Првичните информации се дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистерски таблички со кој управувала Г.Ф. (42) удрил во пешак С.А. (76) кој преминувал непосредно во близина на мостот. Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Крв и урина се земени од лицето што го управувало белото БМВ со кумановски регистарски таблици, за да се испита дали имало алкохол или дрога, а прегледан ќе биде и автомобилот.

Се обидовме да ја контактираме Гордана Филиповиќ, но нејзиниот телефон е исклучен. Мајката на Јелена, Гордана Филиповиќ за „Слободен печат“ сведочеше за својата семејна голгота откако нејзината ќерка загина во сообраќајката. Гробот на ќерка и беше осквернавен и отворен, според полицијата за да биде украден златен накит, а според мајката како знак за заплашување.

Момчето кое управувало со автомобилот во сообраќајката каде загина Јелена Филиповиќ призна вина и доби седум иполгодишна казна затвор од скопскиот кривичен суд. Возачот ја призна вината во која почина седумнаесетгодишната девојка, а семејството до самиот крај се сомневаше на убиство. Таткото на загинатата девојка пак, од кумановското обвинителство доби обвинение за нарачка на убиство односно дека со умисла поттикнувал две лица да лишат од живот три лица. Според обвинителството, поттикнувањето го вршел заради одмазда на смртта на ќерка си која загина во сообраќајката. Обвинетиот, како што информира од Обвинителството, за да го изврши делото, искористил претходен долг на парични средства кои тој му ги позајмил на еден од пријавителите, оштетен во предметот.

-Имено, обвинетиот му позајмил 50.000 евра на оштетениот, на која сума постојано засметувал камата, со што го зголемувал долгот до сума од 80.000 евра. Искористувајќи го фактот дека оштетениот му должи пари, обвинетиот во периодот од април до август 2021 година, на различни локации во Куманово, на оштетениот, а потоа и на друго лице, исто така оштетен, им предложил, наместо да му се врати дологот од 80.000 евра, тој долг да го прости, а воедно да им додаде уште 40.000 евра. За возврат, побарал од оштетените да им го одземат животот на трите лица. Откако увидел дека не постапуваат по договореното, обвинетиот неколкупати, покрај понудените парични средства за да ги извршат бараните убиства, започнал да им се заканува на оштетените по нивните, како и по животот и телото на членовите на нивните семејства. Оштетените одбиле да ги извршат убиствата и случајот го пријавиле во полиција, соопштија од ЈОРСМ.

После ова обвинителството му го продолжи притворот на таткото на Јелена поради страв дека може да избега.

 

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Четири лица повредени во сообраќајка

Story i radhës

Salah udhëheq sulmin e Egjiptit kundër Bregut të Fildishtë, ja formacionet zyrtare

Të fundit nga

ShkoLartë