Навремено дистрибуирани учебниците кои недостасуваа до училиштата во Ѓорче Петров

Без никакви потешкотии започна второто полугодие во сите шест основни училишта во општина Ѓорче Петров, информираше првиот човек на општината, Александар Стојкоски. 

-Генерално, здравствената состојба на вработените во училиштата и на учениците е добра, а објектите се навремено обезбедени со греење.  Пристигнаа и учебниците кои недостасуваа за прво одделение „Математика втор дел“ и навремено се дистрибуирани до училиштата, додава Стојкоски. 

Тој порача дека наставниците се подготвени со своите програми и планирања за реализација на наставниот процес.

-Училиштата веќе изготвија и полугодишни извештаи кои ќе бидат разгледани на Комисијата за образование при Советот на општината, извести градоначалникот. 

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

23 pacientë me COVID-19 të shtrirë në spitalin e Pejës, 5 me oksigjenoterapi

Story i radhës

Петровска-Силвестри: Одлична билатерална и сојузничка соработка меѓу Северна Македонија и Италија

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish