Мицковски до Ковачевски: Државните интереси не може да се стават во ексел табела

1 minut lexim

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во статус на Фејсбук му порача на премиерот Димитар Ковачевски дека државните интереси и животот на граѓаните не може да се стават во ексел табела.

– Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните, напиша Мицковски.

Според него, земјава е меѓу најкорупираните во Европа, а буџетскиот дефицит од околу 7.255.000.000 денари.

– Овојпат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите, стои во Фејсбук статусот на Мицковски.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Муцунски на терен: Ќе се воведе зонско паркирање во Стар Аеродром и Ново Лисиче

Story i radhës

Situata e rrugëve në Korçë, ja akset që kanë vështirësi në qarkullim

Të fundit nga