Д-р Петличковски: Скринингот на учениците за ковид-19 ќе биде со брзи тестови

min lexim

Скринингот на учениците за ковид-19 се размислува да биде со брзи тестови, кои не се премногу на број, но 10 000 до 20 000 тестови се на располагање и ќе биде на случајни ученици со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие старосни групи, изјави денеска д-р Александар Петличковски, кој е нов претседател на Комисијата за заразни болести.

Тој информира дека претходниот скрининг покажуваше со која стапка се развива инфекцијата во основните и во средните училишта и во таа насока ќе биде и оваа акција, оваа активност.

– Во пресекот на неделните бројки гледаме дека во популацијата од 12 до 18 години има многу мала стапка, многу ниска инциденца и тоа ни дава за право да ја предложиме наставата со физичко присуство бидејќи во овој распон на популацијата нема значајно присуство на инфекциите, рече Петличковски, додавајќи дека идејата е така и да остане.

Нагласи дека со применување на строгите протоколи, со проветрувањето, со брзото изолирањето на оние кои имаат сиптоми, но сепак со инсистирање на физичкото присуство, најмалку што сакаат е да наштетат на психо-физичкиот развој на децата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Петличковски рече дека брзите тестови имаат помала специфичност за детектирање на омикронот отколку на делта сојот. Таа специфичност, како што рече, се движи некаде над 50 отсто и ќе бидат некако употребливи.

Петличковски информира дека и во моментов протоколите не се со изолирање на целото училиште, туку со учениците кои се во непосредна близина на ученикот или студентот кој излегол позитивен. Тие одат во изолација, дури и тестирање не се предлага доколку немаат симптоми. Се тестираат со PCR-тест само симптоматските пациенти.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Стефковски: Се расчистува снегот во општина Гази Баба

Story i radhës

Jep dorëheqje

Të fundit nga