Д-р Лазаров сведочел на несреќа во која возачот двапати избегал

Докторот Ненад Лазаров на Фејсбук раскажа за сообраќајна несреќа на која сведочел, а возачот избегал двапати од местото на настанот. 

Деновиве јавноста е згрозена од смртта на девојката од Радовиш, која загина откао возило удри во неа и нејзиното момче, но и се потсети на слични случаи на изгубени млади животи, во кои сторителот никогаш не бил откриен или се соочил само со притвор. 

Ви ја пренесуваме приказната на Лазаров во продолжение:

„Пред некои години сведочев на сообраќајка на Водњанска по која удрениот автомобил заврши буквално во пилјарата внатре низ излог.
Возачот кој ја предизвика несреќата, околу 20год. избега ама му падна табличката, среќа немаше никој повреден посериозно.
По 5 минути се враќа ликот со колата, како подзастанува ние помисливме дека се свестил што направи, а он со упалена кола на сред улица застана да си ја бара табличката (која ја имавме ние земено), не ја најде и без да погледне дали има повредени или било што, пак си избега.
После еден саат го донесе полиција на лице место, ја додека давам изјава на полиција ко сведок, таткото ми вика што се мешаш ти…
На суд не ме викна никој, со задоволство ќе одев, не сум ни помислил дека е можно да се избега два пати од лице место на иста несреќа“

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

ShSKUK: Të spitalizuar 115 pacientë

Story i radhës

Studimi për buxhetin e pandemisë në Shqipëri: Fonde dhe shpenzime të ulëta publike

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish