Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено настрвено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивниот едномисленик, успеаја да го симнат од епископската столица и најнакрај да го протераат во прогонство. Во прогонство помина осум години трпејќи секакви беди и понижувања. Најпосле се упокои во длабока старост на крајот од 4 век и се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата низ вековите.
Të fundit nga
11 Shkup, 8 tetor – Në Kuvend sot do të shënohet Dita ndërkombëtare për uljen e
Cristiano Ronaldo po insiston që ta sjellë lojtarin e Manchester Cityt në Arabinë Saudite tek Al-Nassr.
Ministria e Mbrojtjes e Rusisë tha se ushtria e saj e ka zmbrapsur një sulm ukrainas
Është normale që jo të gjithë bien dakord me mendimet apo zgjedhjet tuaja. Ju mund të
Në tregun e këmbimit valutor shqiptar sot një dollar do blihet me 89.5 lekë dhe do