ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го достави до Собранието предлогот за укинување на техничката влада

ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за предвремени парламентарни избори најбрзо што може, наспроти ставот на власта дека ќе се оди на редовни избори во 2024 и оти предвремени сега во услови на здравствена, економска и енергетска криза се неполезни. Опозициската партија најави и доставување до Собранието на предлогот за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори.

Предложените измени на Законот за Влада од опозициската партија најавуваат дека ќе ги поднесат утре, дека предвидува бришење на околу девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историја, но и дека измените одат со барање за предвремени избори.

Најавивме дека ќе поднесеме предлог закон, за предвремените парламентарни избори, кои што по секоја цена ќе се случат, без разлика што и да си замислуваат таму во СДСМ, народот повеќе не ги сака. Во тој предлог закон кој што ќе го предложиме, а го најави и претседателот Мицкоски ќе има бришење на некаде околу 9 точки од Законот кои што се однесуваат на техничката влада која што имавме прилика да ја видиме на кој принцип функционира изминатите години пред избори. По однос на тоа прашање последиците кои што ќе произлезат од тој предлог закон ќе биде враќање на моделот на функционирање на парламентарни избори или предвремени парламентарни избори пред 2016-та година и доколку сметаат дека се толку сигурни во победата еве може да го прифатат и изгласаат – изјави вчера на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

MPB: 247 gjoba për tejkalim shpejtësie vetëm dje

Story i radhës

I ftohti siberian arrin në Kosovë, deri në sa gradë do të bien temperaturat pasnesër

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish