ВИДЕО | Мицевски: Новиот премиер ако сакаше легитимитет требаше да побара нови избори

Различни се аспектите на пристапување на двете страни, бугарската и македонската. Јас ја гледам формата, но не и суштината. Ако ние се занимаваме само со проблеми како гранични премини и авионска линија тогаш сме на погрешна насока, вели за Утрински брифинг, Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако имаме добра волја како две држави кои сакаат да соработуваат на економски план, граничниот премин Клепало не е суштинскиот проблем што треба да се решава. Скептичен сум и за пругата кон Бугарија која наводно до 2027 година ќе биде готова. Слушам дека и во земјоделството и во малите и средни ретпријатија ќе има соработка. Но, од почетокот на бегалската криза во 2015 година имаме проблем што Бугарија не сака да го потпише договорот со Фронтекс за да ни помогне, вели Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ е во налет да предизвикаат предвремени избори. По неуспехт да се урне владата, сега барате нови избори.

-Мое лично мислење е дека ние би биле потранспарентни. Недозволиво е јас како координатор на третина од пратениците информации да добивам од медиумите. Владата и премирот Ковачевски не се во комотна позиција за да можат да си дозволат да решаваат без опозициска партија која има 44 пратеници, вели Мицевски.

Тој додава дека пратениците прво треба да се информираат и да се одржат меѓуресорски комисии на кои министрите ќе ги информираат пратениците кои потоа ќе ги информираат своите гласачи. За клучни прашања мораме да функционираме со консензус, а не со емоции, коментира Мицевски.

Македонија одамна има добиено препорака за почеток на преговорите со ЕУ, но поради Бугарија ништо не се случува.

-Новиот премиер доколку сакаше да го добие целосниот легитимитет можеше да побара предвремени избори. Ако ги добие изборите ќе има легитимитет да ги решава овие прашања. Замениците министри не учествуваат на избори, тие се бираат подоцна, вели Мицевски.

Но, и Христијан Мицкоски не излезе на избори, без оглед што учествувал во нив како генерален секретар. ВМРО-ДПМНЕ сега се обидува да го поништи делот од Законот за Влада што се однесува на „Пржинската“, техничка влада 100 дена пред избори.

-ВМРО-ДПМНЕ смета дека причините за ваква влада повеќе не постојат и го поднесовме во понеделникот предлогот кој им го дадов на увид и на другите координатори на пратенички групи. Очекувавме на денешната седница тоа да се најде на дополнетиот дневен ред, вели Мицевски.

Сега ннчинот на кој се прави влада, повлекува повеќе од 100 дена и мораме да се вратиме на уставниот рок од 40-45 дена за формирање на влада и тоа е причината што го поднесовме ова барање, вели Мицевски за Утрински брифинг. Тој додава дека неговата партија е отворена и за разговори за Изборниот законик и дека треба да се разгледа барањето на помалите партии за една изборна единица.

 

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

7 gjëra që nuk duhet thënë në mbledhje pune

Story i radhës

Shqiptohen 405 gjoba ndaj qytetarëve që nuk respektuan masat antiCOVID-19

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish