ВИДЕО | Милиќ: Трансродовите луѓе се изложени на секојдневна дискриминација и тоа мора да престане

January 31, 2022
1 minut lexim

Додека трансродовите луѓе во државата го чекаат Законот со кој правно ќе им се признае на родовиот идентитет, изложени се се на брутална дискриминација и се чувсвуваат како граѓани од втор ред.

„Многу е тешко да се биде трансродова личност кај нас, кога немате закон што ве штити, кога не сте правно признаени, од државата, кога општеството ве отфрла, кога сте на дното на маргините. Многу е тешко да се борите со сето тоа за да успеете да стигнете до некаде. Кога се спознав себе си која сум и што сум, тоа беше кога имав 28 години, па до денеска кога сум силна и храбра и зборувам отворено – патот беше со многу тежок, со многу боцки, и од општеството, од институциите, околината, неможноста да најдам работа поради тоа што сум трансродова личност, неможноста да користам здравствени услуги, дискриминацијата и стигмата од страна на здравствениот систем т.е. на медицинскиот персонал, да не можам да поднесувам пријави и претставки до одредени институции, само заради тоа што сум трансродово лице и таму наидов на дискриминација и стигма.

Но со текот на годините сфатив дека мора да се бориме, дека треба да бидеме силни, треба да бидеме видливи за да може да промениме нешто во ова општество. Сметам дека со правното признавање на родот ќе претстане институционалната дискриминација и стигма значително ќе се намали. Да кажеме ако сега таа е 100 отсто, тогаш ќе биде сто отсто позитивна и нема да има дискриминација од самите институции, бидејќи дојументите ќе бидат усогласени. Нема да гласат на машко а физички сте женско“ , раскажува за Утрински брифинг за своите лични искуства, Лила Милиќ, трансродова жена.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Ќе се реконструира улицата Перо Наков во Гази Баба

Story i radhës

PSG i ofron Barcelonës tre lojtarë për Dembelen

Të fundit nga

Bastisje në Gazi Babë, arrestohet shpërndarësi

Nëpunësit policorë nga Njësiti për Tregti të Paligjshme në SPB Shkup, pas një urdhëresë të pranuar më parë nga Gjykata Themelore Penale Shkup, kanë bastisur shtëpinë e M.S.(19) nga Shkupi, në rajonin
ShkoLartë