ВИДЕО | Божиновски: Бугарија сака да се поништи Македонија

Најмалку што ѝ треба на ЕУ е да се расправа за нови членки како што се Македонија и Албанија. Оттаму немаат фокус и Бугарија си ја тера својата политика, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски своето гостување во „Студио 10“.

– Не се знае дали Грција барала нешто од нас или Заев им го подарил тоа, некако се чувствува таа желба да им се угоди на другите. Тоа е тој проблем кога некој ќе те исперцепира како држава која е подготвена да се откаже од својата државност, тогаш зошто некој да не го искористи тоа? Всушност, Бугарија виде шанса во тоа. Владата работи против Македонија, времето работи против нас. Владата е решена да премине преку сѐ. Пак се враќа историската бугарска комисија која вели дека имаме заедничка историја. Не може друга држава да менува историја и цела фрустрација од минато да ја истура врз нас. Бугарија сака да се поништи Македонија, вели Божиновски.

Во однос на измени на Уставот, Божиновски упати порака до Бугарите да ги прифатат 16-те пресуди од Европскиот Суд.

– Сега имаме двајца нови лидери и во Македонија и во Бугарија. Од една страна имаме барање бугарите да се вметнат во Уставот, но не е проблем тоа, колку 16 пресуди во Европски Суд каде се бара од Бугарија да не прави проблеми околу Илинден. Ако сакате да влезете во Уставот тогаш треба да го прифатите она што ви го наложува Европскиот Суд. Сакате нова реалност, а се држите до тоа дека нема Македонци во Бугарија. Тогаш кој сте вие да кажувате? Трендафилов си премолчи за сето тоа, кажа Божиновски.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Млад скопјанец се шетал со нож низ Аеродром

Story i radhës

Ariana Fejzullahu zhvishet para 285 mijë njerëzve

Të fundit nga