БГНЕС: Скопје го откажа чествувањето на Гоце Делчев

Утре, 4 февруари, кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, македонската страна нема да биде присутна на потребното политичко ниво на положувањето венец на бугарската делегација предводена од бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Богослужбата ќе биде во црквата Свети Спас во Скопје, јави бугарската агенција БГНЕС.

Официјалното објаснување од скопските власти е дека министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачески се во странство. Засега нема информации дека некој од нив ќе се врати порано за да учествува во заедничката богослужба, пишува БГНЕС.

„Слободен печат“ чека одговор од Владата дали ваквата информација е точна, односно дали е откажано чествувањето од македонска страна и ако не е, кој ќе биде во македонската делегација.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, по повод 150-годишнината од неговото раѓање, соопшти прес-службата на бугарската Влада. Заедно со него ќе биде и в.д. амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Rashkovski: Me Spasovskin kemi biseduar për softuerin dhe ia prezantova videon

Story i radhës

​OBSH: Në pesë vende afrikane zbulohet nëntipi i omicron BA. 2

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish