Активни 20.020 случаи на ковид-19, се очекува намалување на периодот на изолација

min lexim

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, од кои во моментов активни се 20.020. Во изминатото деноноќие беа регистрирани 718 нови случаи на ковид-19 од направени 3.044 тестирања. Регистрирани се 95 реинфекции.

Најголем број активни случаи има во Скопје – 11.012, потоа Битола – 1.542 и Прилеп – 785. Најмалку активни случаи има во Дојран – 13, Дебар – 20, Демир Капија – 21…

Во текот на изминатите 24-часа починаа 22 лица, од кои девет биле целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Во земјава се уште се очекува дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена за ковид-позитивните пациенти. Препораката во петокот ја донесе Комисијата за заразни болести, која треба да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а потоа на владина седница.

Во општина Гевгелија има рекордно зголемување на бројот на пациенти инфицирани со сојот омикрон. Само изминатата недела биле регистрирани 188 новозаболени од чија потреба за прегледи и лекување се чувствува притисок врз здравствените капацитети и здравствените работници.

Во Штип има заразени лекари, медицински сестри, техничари и болничари од Клиничката болница, кои се на домошно лекување. И покрај големиот притисок од пациенти на Инфективното одделение, но и направената реорганизација на кадарот поради тоа што имаат еден дел заразени, надлежните од болницата велат дека засега не размислуваат да ја пуштат во употреба модуларната болница.

За разлика од Гевгелија и Штип, во текот на изминатиот викенд двајца пациенти се примени во ковид – центарот во Клиничката болница во Тетово. Вкупно девет пациенти се лекуваат во ковид-центарот.

Поради ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот во Бугарија, дел од учениците во Софија, Бургас и Благоевград ќе учат онлајн. Учениците од 5, 6, 8, 9 и 11 одделенија во Софија и Бургас една недела ќе учат онлајн, почнувајќи од вчера. Наставата ќе се одржува од далечина за сите ученици од 5-то до 12-то одделение во областа Благоевград, соопшти бугарското Министерство за образование.

Косовското Министерство за здравство најави дека во текот на неделава е можно да се преразгледа одлуката за обврската на странските државјани при влез во земјата да приложат сертификат за три примени дози вакцина или две дози плус РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа. Како што соопшти ресорното Министерство на официјалната страница на „Фејсбук”, евентуалната промена на одлуката, која е во сила од саботата – 22 јануари, ќе зависи од развојот на епидемилошката состојба и бројот на новозаболени од ковид-19.

Поради брзото ширење на сојот омикрон во Словенија се скратува десетдневниот период на изолација на заразените, па тие ќе можат да се вратат на работа по седум дена, доколку добијат негативен тест.

Во Франција, пак, стапи во сила вакциналната пропусница која ја заменува здравствената пропусница за пристап до многу јавни места во земјата. Нејзината цел, според владата, е да ја зајакне здравствената безбедност во период на висок епидемиски притисок, а во исто време да ги натера непослушните Французи да се вакцинираат или да ја добијат нивната засилена доза.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Vazhdon moti i ftohtë, këto janë temperaturat për sot

Story i radhës

Metoda që parandalojnë këpucët tuaja të rrëshqasin në akull

Të fundit nga