Ковачевски: Oчекувам уште утре да има решение за минималната плата

February 6, 2022
1 minut lexim

 Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, напиша денеска на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни, порачува, е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците.

– Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните, пишува Ковачевски.

Претходно од Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение и порачаа на Владата одлучно да застане на страната на работниците и да го стави синдикалниот предлог за минималната плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи.

-ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кој ги вадат на секој ЕСС за да купуваат време кое ние го немаме! ” наведоа од ССМ и повторно предупредија дека доколку во четврток во Собранието не се изгласа предлог законското решение од ССМ ќе почнат со штрајк, односно блокади на фабрики, економски зони, патишта.

На втората средба што се одржа завчера во Владата за минималната плата не беше постигнат договор откако Синдикатите останаа на барањето таа да изнесува 18.000 денари и да има скалесто зголемување на сите останати плати, а дел од работодавачите изнесоа предлог да се субвенционира зголемувањето на минималната плата.

Разговорите, според најавите, треба да продолжат откако утре на седница на Економскиот совет на Владата ќе биде разгледано се за што е разговарано досега, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

U largua nga vendi i aksidentit, i riu tenton ti shpëtojë policisë me 5 mijë lekë por arrestohet

Story i radhës

Kaosi – etika dhe jo profesionalizmi në mjetet e informimit të Kosovës

Të fundit nga

Sa ishte i sigurtë ushqimi gjatë vitit 2024?

Rrugët e tregut në kryeqytet, vikendeve herë mbusheshin, e herë dukeshin të zbrazëta. Konsumatorët që kalonin andej, kontrollonin gati në secilën tezgë, për çmimet më të lira në treg. Ndonjëherë, shitësit bënin

Atletico Madridi me mund të madh kualifikohet

Skuadra e Atletico Madridi me mund të madh është kualifikuar në të tetën e finales së Kupës së Mbretit. Atletico ka shënuar fitore në udhëtim, me rezultat 1:0 ndaj skuadrës së Marbellës.

Pacolli i përgjigjet Haxhiut për Hotelin Grand

Behgjet Pacolli i ka reaguar ministres së Drejtësisë, Albulena Haxhiu, rreth rastit ‘‘Grandi’’, duke thënë se askush nuk e ka kërkuar objektin e hotelit. Tutje, ai ka thënë se kompania e tij, që
ShkoLartë