120 d0bcd0b0d0bfd0b8d180d0b0d0bdd0b8 d0b4d0b5d0bfd0bed0bdd0b8d0b8 d0b8d181d187d0b8d181d182d0b5d0bdd0b8 d0b2d0be d181d0bad0bed0bfd198d0b5 61f5077755c1d

120 мапирани депонии исчистени во Скопје

January 29, 2022
1 minut lexim

image 157733

За прв пат во децении во Скопје се спроведува акција за чистење на дивите депонии каде се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните.

За речиси два месеца со заедничка активност на градот Скопје и дел од скопските општини, исчистени се над 120 мапирани депонии за време на предизборната кампања. Засилени се контролите на инспекторатот и за првпат се изречени големи казни за загадувачите на животната средина и оние кои ги загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните.

Чистењето продолжува и понатаму бидејќи секојдневно граѓаните пријавуваат обиди за создавање нови депонии. Инспекциските служби засилено работат на терен, со цел сите да ги почитуваат законите и нема да има никакви отстапки за загадувачите. 

Градот Скопје со стратегија за превенција, започнува до имплементација на системско решение кое опфаќа фото документирање на загадувачите, работа во смени на Инспекторатот со цел санкционирање на сторителите, детекција на депонии и обиди за нивно палење со дрон, но и активен систем за пријави од граѓани со цел превенција на загадувачите и нивно неселективно казнување. Град Скопје упатува апел до граѓаните секоја пријава за новонастаната или веќе постоечка депонија да ја испратат на 24@skopje.gov.mk со цел во најкус можен рок да се испратат екипи од градот за чистење на депониите. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

RENT A CAR

sekuestrohen 49 kg hashash 61f506889691e
Story i mëparshëm

Sekuestrohen 49 kg hashash

d0b4d0b5d0bfd0bed0bdd0b8d198d0b0d182d0b0 d180d183d181d0b8d0bdd0be d0bed182d0b2d0bed180d0b5d0bdd0b0 d181d0b2d0b5d182d0b8 61f507afc4e4b
Story i radhës

Депонијата „Русино“ отворена, Свети Николе се пишмани

Të fundit nga

ShkoLartë