120 мапирани депонии исчистени во Скопје

January 29, 2022
1 minut lexim

За прв пат во децении во Скопје се спроведува акција за чистење на дивите депонии каде се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните.

За речиси два месеца со заедничка активност на градот Скопје и дел од скопските општини, исчистени се над 120 мапирани депонии за време на предизборната кампања. Засилени се контролите на инспекторатот и за првпат се изречени големи казни за загадувачите на животната средина и оние кои ги загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните.

Чистењето продолжува и понатаму бидејќи секојдневно граѓаните пријавуваат обиди за создавање нови депонии. Инспекциските служби засилено работат на терен, со цел сите да ги почитуваат законите и нема да има никакви отстапки за загадувачите. 

Градот Скопје со стратегија за превенција, започнува до имплементација на системско решение кое опфаќа фото документирање на загадувачите, работа во смени на Инспекторатот со цел санкционирање на сторителите, детекција на депонии и обиди за нивно палење со дрон, но и активен систем за пријави од граѓани со цел превенција на загадувачите и нивно неселективно казнување. Град Скопје упатува апел до граѓаните секоја пријава за новонастаната или веќе постоечка депонија да ја испратат на [email protected] со цел во најкус можен рок да се испратат екипи од градот за чистење на депониите. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Sekuestrohen 49 kg hashash

Story i radhës

Депонијата „Русино“ отворена, Свети Николе се пишмани

Të fundit nga

ShkoLartë