100 дена Гази Баба се гради и менува: Што се е направено од почетокот на мандатот на Стефковски?

February 15, 2022
min lexim

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски попладнево на организиран настан од страна на општината под мотото “100 дена Гази Баба се гради и менува” даде отчет за сработеното во првите 100 дена од неговиот мандат за градоначалник.

Во обраќањето пред присутните градоначалникот Стефковски истакна:

„Во првите 100 дена реализиравме 39 проекти, а започнати со реализација се 14 проекти, асфалтиравме локални улици во Трубарево, Булачани и Колонија во вкупна должина од над 2000 метри, додека тампониравме локални улици во Хиподром 2, Јурумлери, Идризово, Инџиково, Раштак и други населени места во должина од над 2500 метри. Изградивме тротоари и пешачки патеки со павер елементи во Триангла, Железара и Автокоманда во должина од 1300 метри, а во моментов се гради пешачката патека Црешево – Виниче во должина од околу 800 метри. Во тек е и изградбата на пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Вардар од Мерцедес кон Јурумлери во должина од 2200 метри. 

Ја започнавме и завршивме првата фаза на фекална канализација во Страчинци во должина од 700 метри, инвестиција вредна 5.173.334 денари, ја започнавме втората фаза на фекална канализација во Гоце Делчев во должина од 1000 метри, инвестиција вредна 10.603.377 денари. Ја започнавме и фекалната канализација за крак од улица Сава Михајлов во Ченто, со што го решаваме деценискиот проблем на жителите кои често се поплавуваа поради старата мрежа. Ги продолживме градежните работи на фекалните канализации во Смилковци, Црешево и Јурумлери.Најмладите се наша инспирација и императив за кои се грижиме да добијат достојни услови за безгрижно детство, но и квалитетно образование и воспитание, за што отворивме катче за учење и дружење во ООУ Стив Наумов во Автокоманда, како и сензорна соба во ООУ Дане Крапчев во Ченто. Ја започнавме втората фаза за изградба на училишната спортска сала во Стајковци, а ја започнавме и постапката за изградба на нова училишна сала за ООУ Наум Охридски во Булачани.“

Спортот е инвестиција во здрави генерации, за таа цел извршивме комплетна реконструкција на кошаркарското игралиште во ООУ Григор Прличев во Железара со поставување на тартан подлога и менување на таблите на кошевите. Го реконструиравме и кошаркарското игралиште во Ченто. Двојно ги зголемивме буџетските средства за финансиска поддршка на спорските клубови и индивидуалните спортисти од територија на општина Гази Баба. Реализиравме голем број на спортски активности државно првенство во шах, женски ракометен младински турнир, футсал турнир и се тоа во соработка со општинскиот сојуз на училишен спорт на општина Гази Баба.

– Од аспект на социјалната заштита во изборниот период ветив еднократна парична помош за прво новороденче но по направените анализи воведовме еднократна парична помош не за прво, туку за секое новороденче на територија на општина Гази Баба во висина од 5000 денари, како и еднократна парична помош за првоодделенче во висина од 3000 денари. Реализиравме и голема хуманитарна акција во соработка со општествено – одговорни компании со која поделивме над 500 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства. – истакна Стефковски

Во обраќањето тој посочи дека создава отворена и транспарентна општина:

– Создаваме транспарентна, отворена и ефикасна општина. Во таа насока го реализиравме проектот платформа е – совет во која за прв пат воведовме директен пренос од седниците на Советот на општината. Организиравме отворени денови во кои целокупната општинска администрација оддржува прием на граѓани со цел ефикасно решавање на проблемите. Во завршна фаза е првото дисперзирано одделение на општината кое насокоро ќе се отвори во Стајковци, а во следниот период дисперзирани одделенија ќе отвориме во Маџари и едно во делот од Ергеле до Дрма, со што општината ќе биде поблиску до граѓаните. Потребите и идеите на граѓаните се на прво место. За таа цел спроведовме комплетно нова постапка на пишување на буџетот на општината за 2022 година под мотото “Граѓаните пишуваат буџет” во која 750 граѓани земаа активно учество.  Отпочната е и постапка за развивање на мобилна апликација систем 24 часа во која граѓаните ќе можат да пријават проблем во секое време, а администрацијата ќе биде должна во рок од 24 часа по добивање на пријавата да излезе на терен и да го инфомира граѓанинот за решавањето на проблемот. Воведовме нова динамика на решавање на предметите за легализација, а општинскиот кризен штаб успешно се справи со врнежите од снег – заклучи Стефковски.

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Kuvendi i Komunës së Prizrenit miratoi buxhetin për vitin 2022

Story i radhës

Petliçkovski: Ka rritje të rasteve të reja tek nxënësit që ndjekin mësimin me prezencë fizike

Të fundit nga

Gresa, Rovenës: Na ofendove dhe na bullizove

Debat mes Rovenës dhe Gresës ka pasur edhe mbrëmjen e djeshme. Gresa akuzoi Rovenën për ofendime dhe bullizëm ndaj saj dhe banorëve. “Na fyeve, na ofendove na bullizove, kështu fol ti”, i
ShkoLartë