Што сѐ е направено во Бутел во првите 100 дена од мандатот на Костовски?

February 7, 2022
min lexim

Што сѐ е направено во општината во првите 100 дена од мандатот на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски?

Тој вели дека општината ја гледа како свој дом.

-Од таму јас и мојот тим сме спремни да дадеме надчовечки напори за да ја вратиме довербата кај граѓаните. Со цела сила сакаме да покажеме дека можело поинаку, дека оваа наша општина може да биде многу поубаво и помирно место за живеење, споделувајќи што е завршено во првите 100 дена. 

За 100 дена успеавме да:

-Исчистиме 23 големи депонии на територија на Општина Бутел, на исчистените локации поставивме табли на кои се алармира дека е забрането фрлање на отпад, исто така истакавме телефонски броеви за пријавување.

-Целосно го исчистивме коритото на реката Серава во Радишани со должина нешто повеќе од еден километар.

-Изградивме две модерни игралишта за баскет со ултра модерна и лиценцирана подлога за играње и контрукции за кошеви. (Заради временските услови истите ќе бидат за многу скоро финализирани и свечено отворени).  Првото игралиште во Бутел 1 (ООУ св. Климент Охридски) и второто игралиште во Радишани (ООУ Ацо Шопов)

-Изградивме две нови игралишта за деца, првото во ООУ Живко Брајковски, второто во Градинката во Бутел 1

-Купивме 33 нови интерактивни табли за модерна настава во основните училишта, истите беа рамномерно поделени во основните училишта.

-Опремивме три нови кабинети по информатика со нови и конфигурациски силни персонални компјутери: ОУ Ацо Шопов, ОУ Гоце Делчев и ОУ Линан Каба (После 20 години ова ООУ добива кабинет по информатика)

-Започна со градба новото општинско основно училиште во Визбегово

-Во градинките опремивме: – Десет училници со нови масички и столчиња – Нови дидактички играчки за дечињата – Нови меки подлоги

– Нови шкафчиња – Две нови смарт табли специјализирани за дечиња од предучилишна возраст

-Го решивме големиот проблем со улица АФЖ во Радишани

-Целосно го реконструиравме пензионерскиот клуб на Љуботенски Пат

-Во крајна фаза е санацијата на спортската сала на ООУ Живко Брајковски

-Целосно беше истампониран патот во Љубанци од Пештер до манасттирот св. Јован

-Уличното осветлување се подигна на многу повисоко ниво со брзи и ефикасни интервенции

-Неколкуте наноси на снег беа експресно брзо расчистени, машините за чистење снег интервенираа и на споредните улички.

-Ја отворивме Оптшина Бутел за народот, сега буквално секој граѓанин може да закаже средба со градоначалникот преку телефонски повик.

-Ја забрзавме работата на општинската администрација

-Фронтално се спротиставивме на можноста за корупција во општината

-Со драстично намалување на привремени вработувања само за 2022 година ќе заштедиме 10 милиони денари, наша проценка е дека за четири години ќе заштедиме над 50 милиони денари за разлика од преходно, и тоа само со решавање на фантомските непотребни вработувања. Секако дека заштедените пари ќе бидат вложени во проекти за општо добро на граѓаните на нашата општина.

Костовски рече дека лично како градоначалник се откажал од сите репрезентативни трошоци, а ги објави и проектите кои ќе следат во претстојниот период: 

-Започнување со градба на нова градинка во Бутел 1 веднаш до училиштето св. Климент Охридски

-Целосна реконструкција на улица Бутелска

-Целосна реконструкција на улица Радишанска

-Целосна реконструкција на улица Скоевска

-Целосна реконструкција на улица Бел Камен

-Целосна реконструкција на улица Мостарска и Пребоднова со решавање на проблемот со атмосферската канализација

-Промена на оградата во ООУ св. Климент Охридски

-Проектирање и изградба на корито на река Серава во Радишани

-Изградба на трим патеки на неколку локации покрај реката Серава

-Целосно чистење на коритото на реката серава долж цела Оптшина Бутел

-Асфалтирање на неколку улички во Љубанци

-Асфалтирање на повеќе кратки улички во скоро сите населени места

-Легнати полицајци на најкритичните места во секое населено место

-Реконструкција на сите спортски игралишта

-Реконструкција на сите детски игралишта

-Изградба на неколку паркови на територија на Општина Бутел

-Изградба на неколку спортски игралишта во неколку населени места

-Реконструкција на мостот (кај Морски) Радишани горна зона

-Поставување на бекатон плочки на влезовите пред зградите во Скопје Север

-Решавање на проблемот со атмосферската канализација на неколку позиции во Бутел 2

-Стипендии за најдобрите спортисти до 18 години и над 18 години

-Стипендии за најдобрите ученици во основните училишта

-Помош за школски прибор на учениците кои што се наоѓаат во социјален ризик

-Финанскиска помош на спортски клубови

-Организирање на неколку културни манифестации

-Голем број хуманитарни активности

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Sërish rriten çmimet e derivateve të naftës në Maqedoni

Story i radhës

Лекар од „Св.Еразмо” со отворено писмо до министерот Сали: Каде во светот се соединува Кардиологија со Ортопедија?

Të fundit nga

Haziri: LDK-ja është në garë për fitore

Nënkryetari i LDK-së, Lutfi Haziri ka thënë se Lidhja Demokratike e Kosovës ka hyrë në garë për fitore. Nëse kjo parti nuk i fiton zgjedhjet, Haziri thotë se do jenë bashkë me
ShkoLartë