Шефик Дураку објави дека ја напушта Алијанса за Албанците

February 8, 2022
1 minut lexim

„Денеска завршува сиот мој политички ангажман во Алијансата за Албанците. Пет години работевме и негувавме опозициски дух, жртвувајќи се во секој момент, секогаш верувајќи дека промените може да се случат“, напиша вечерва на социјалните мрежи Шефик Дураку, поранешен портпарол на Владата и член на ДУИ и АА.

Еве ја во целост неговата објава:

„Заедно постигнавме одлични резултати, запознав и стекнав многу искрени и идеалисти пријатели и другари во Алијансата за Албанците, за што сум горд, и ќе продолжам да бидам ваш пријател.

Мојата политичка активност во Алијансата за Албанците е видлива, лесно евидентна и пред се многу транспарентна и искрена, но нема простор да продолжам да работам, тие ги знаат причините и јас им кажав на оние кои треба да знаат, за пријателите и моите другари оваа одлука воопшто не е изненадувачка затоа што многупати сме дебатирале на оваа тема.

Сакајќи да ве поштедам од каква било непродуктивна (можеби и ниска) дебата, не сакам да навлегувам во детали за причините за донесување на ваквата одлука за напуштање на Алијансата за Албанците. Времето е најправеден сведок и судија, се во свое време и место. Им благодарам на многуте искрени активисти со кои соработував долго време и кои многу ги ценам.

Мојата политичка борба против оваа власт ќе продолжи, бидејќи оваа власт одамна мораше да си замине, но за жал таа сè уште владе, но се уште има време и можност да се направи се за да се смени оваа власт“, напиша Дураку.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

​Edhe Britania e Madhe mbështet zgjatjen e vettingut në Shqipëri

Story i radhës

Ertan Shaqiri me shumë emocion flet për zv.drejtorin Abdul Salam Selami!

Të fundit nga

ShkoLartë