Фатмир Лимани, поранешен заменик-директор во ЕСМ и внук на Али Ахмети, преминува во Беса

January 27, 2022
1 minut lexim

Поранешниот заменик-директор на ЕСМ и внук на Али Ахмети, Фатмир Лимани, утре ќе се приклучи кон партијата Беса заедно со својата политичка структура, објави Алсат.

Лимани беше независен кандидат за градоначалник на Кичево на локалните избори минатата есен.

Од Беса целат дека станува збор за крупен политички настан, поради тоа што Лимани, покрај во Кичево, каде водеше тесна борба за градоначалничката функција, има ограноци и во Скопје, Арачиново, Битола, Струга и во други места.

Приклучувањето на Лимани го потврди и лидерот на од скоро опозициската партија Беса, Биљал Касами, кој преку соопштение ги повика медиумите на прес-конференција утре, на која ќе биде формализиран потегот.

Лимани со години беше член на ДУИ, но ја напушти партијата по серија несогласувања со раководството.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Memli Krasniqi: KEDS-i kërkoi rritje për 7%, ZRRE-ja rekomandoi rritje për 42%

Story i radhës

Ukrainasit vlerësojnë qëndrimin e Perëndimit ndaj Rusisë

Të fundit nga

ShkoLartë