Уставниот суд ја одржa четвртата седница

February 9, 2022
1 minut lexim

Уставниот суд на денешната четврта седница ја укина Одлуката за изменување и дополнување на Урбанистичкиот план вон населено место Ски центар Водно–Блок 3, Општина Карпош, број 08-1483/4 од 20.02.2015 година.

Расправата и одлучувањето по иницијатива поднесена од политичката партија ВМРО–ДПМНЕ и адвокатот Стојанче Геровски – од Скопје, а се однесува на член 30 став 2 точка 9 од Законот за енергетика и член 119 став 1 точка 9 од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, е одложена за една од наредните седници на Судот.

Според наводите во иницијативата, оспорениот член 30 став 2 точка 9 од Законот за енергетика со којшто подетално се утврдувале општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот и потрошувачот на соодветен вид енергија и операторот и членот 119 од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија којшто се однесува на исклучувањето на корисникот на дистрибутивниот систем ако имал неплатени обврски кон ОДС, биле спротивни на член 8 алинеи 3, 6, 8 и 11, членот 9, член 51 став 1 и член 54 став 3 од Уставот.

Според подносителот, исклучувањето на струјата од страна на операторот насочено кон граѓаните како потрошувачи со своите семејства, било ислучиво цел на принуда и не постоела можност за контрадикторна постапка која би понудила еднаквост во средствата за заштита од истата. Овие одредби од Законот и подзаконскиот акт биле недозволени и ја штителе монополската положба на единствениот снабдувач на електрична енергија во Републиката.

Уставните судии ја отфрлија иницијативата за оценување на уставноста на член 2 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 151/2021), во делот: „а најдоцна до 30 јуни 2022 година”, а не поведоа постапка по иницијативата за оценка на уставноста на член 43 став 3 во делот: „или за гласање во советот” од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002)

На денешната седница не беше поведена постапка за оценување на законитоста на: член 80, став 1, алинеја 1 од Статутот на Економски факултет – Прилеп;  член 88, став 1, алинеја 1 од Статутот на  Правен факултет – Кичево;  член 88 став 1, алинеја 1 од  Статутот на педагошки факултет–Битола; и член 75 став 1, алинеја 1 од Статутот на техничко-технолошки факултет-Велес во согласност со Законот за високото образование и ја отфрли иницијативата за оценување на усогласеноста на наведените одредбите со Статутот на Универзитетот„Св. Климент Охридски” Битола, а беше отфрлена иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 став 3 и член 13 став 2 од Правилникот за внатрешниот ред на Собранието на Република Македонија, бр.01-3937/1 од 17 септември 2008 година, поднесена од политичка партија Левица од Скопје. 

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Перински во Тафталиџе: Инвестиција на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ од 8 милиони денари

Story i radhës

TIDZ në Tetovë do të bëhet zona e parë e gjelbër e cila do të prodhojë vetë energji elektrike

Të fundit nga

ShkoLartë