На подрачјето на Гази Баба синоќа во 23.00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ј.(32) и М.М.(34), двајцата од Скопје.
Како што соопштија од МВР, тие околу 20.00 часот во спортска обложувалница во село Стајковци со закана од вработениот одзеле пари. Од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба бил извршен службен разговор со пријавените, при што тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.
По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР-Одделение за криминалистички работи Гази Баба ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по чл.238 од Кривичниот законик.