На 03.02.2022 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено во с.Кондово, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О.(40) од с.Долно Свиларе, скопско, патничко возило „фолксваген голф“, со косовска национална ознака, управувано од Р.С.(31) од с.Кондово, скопско, и паркирано патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен пешак од с.Паничари, скопско, а уште еден пешак, Ш.А.(18) од Скопје, се здобил со телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.