Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, откако е на функцијата ја воведе праксата за редовни средби со жителите.
Вели тоа се можност за директна комуникација, запознавање со проблемите, но и решавање на истите.
-Најдобрите решенија доаѓаат од самите жители, а ние сме сервис да излеземе во пресрет на нивните барања. Градиме отворена општина, достапна за секој, порача Стојкоски.