Во текот на утрото, пообилни врнежи од снег го зафатија повисокиот дел на општина Гази Баба од Стајковци до Раштак.
Веднаш на терен реагираше службата за зимско оддржување и се започна со чистење на главните улици и фрлање на ризла и сол, соопшти градоначалникот Стефковски.
Граѓаните ќе можат да ги реализираат своите обврски навремено и безбедно, вели тој.