Зарем вака треба да изгледа центарот на главниот град, на нашето Скопје? – се прашуваат граѓаните откако на социјалните мрежи кружат фотографии од локација во близна на Зеленото пазарче.
Имено, тротоарот во близина на автобуската постојка е оставен несреден, откако се дислоцираа неколку трафики.
-Просторот е полн со отпадоци, ваква грдотија не заслужува центарот на Скопје, вели една скопјанка.
-Со вакви слики не може во Европа, констатира друг скопјанец.
-Ова е од минатата година , незнам зошто ги кренаа трафиките, и оставија хорор сред центар, велат граѓаните.
Тие едногласно предлагаат час поскоро да се раззеленат овие површини од страна на надлежните.