d181d0bad0bed0bfd198d0b0d0bdd0b8 d0b2d0b5d19cd0b5 d198d0b0 d0bad0bed180d0b8d181d182d0b0d182 d0bad0b0d0bdd186d0b5d0bbd0b0d180d0b8d198 61f7e2b9d7048

Скопјани веќе ја користат Канцеларијата за помош и брза реакција за решавање на проблемите, вели Арсовска

January 31, 2022
1 minut lexim

image 157838

Како едно од главните ветувања на градоначалничката Арсовска во предизборната кампања, беше ветувањето дека Градот Скопје ќе биде отворен град, достапен за граѓаните. Ветувањето е реализирано и скопјани веќе ги користат услугите кои канцеларијата ги нуди за помош и брза реакција за решавање на проблемите на граѓаните.

Отворена е Канцеларија за комуникација со граѓаните која работи 24 часа на прием на барањата на граѓаните и решавање на предизвиците со кои се соочуваат. Назначени се одговорни лица кои секторски даваат одговори поврзани со барањата на граѓаните, а воедно екипирана е служба составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на Градот кои делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, вели Арсовска.

Град Скопје стави во функција и електронска адресата за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk како чекор кон транспарентно управување со цел 24 часа постапување во служба на граѓаните. На оваа електронска адреса граѓаните пријавуваат проблеми, а службите во Градот се задолжени да одговорат на барањата на граѓаните. Град Скопје цели да биде град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги да бидат брзи, ефикасни и транспарентни.

Во програмата ветивме дека граѓаните ќе можат да се обратат до Градот Скопје за своите проблеми преку воведување на телефонска линија, тоа и го направивме.

Отворена е посебна телефонска линија во служба на граѓаните преку која остваруваат редовна и брза комуникација со Град Скопје преку бројот 02 3207 536. Воедно, редовно се одговара на поднесените писмени и телефонски барања од граѓаните со кои се обраќаат до Градот Скопје за каков било проблем или предизвик. 

Најголемиот дел од барањата на граѓаните се однесуваат за сообраќајни проблеми, прашања од областа на пресметката и наплатата на даноците на имот, надминување предизвици поврзани за незаконски градби и комунални проблеми. На овој начин остваруваме непосреден однос со граѓаните за решавање на секојдневните предизвици со кои се соочуваат, но и да ја вратиме довербата на скопјани кон градската администрација, образложи градоначалничката Арсовска.

Во контекст на транспарентноста и функционалноста на градската администрација се формираше службата за брза реакција на повик на граѓаните, како уште едно исполнето ветување кое го реализиравме.

Назначени се одговорни лица од Градот кои секторски одговараат на барањата на граѓаните и екипирана е служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на Градот кои делуваат на терен со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, заврши градоначалничката Арсовска. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

RENT A CAR

NXENES
Story i mëparshëm

Maqedoni: Nesër do të vendoset për skriningun e nxënësve nëpër shkolla

d181d0b0d0bbd0b8 d0b7d0b0d181d0b5d0b3d0b0 d0bdd0b5d0bcd0b0 d0bfd0bed182d180d0b5d0b1d0b0 d0bed0b4 d0bdd0bed0b2d0b8 d180d0b5d181d182d180 61f7e2f17b38e
Story i radhës

Сали: Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки

Të fundit nga

ShkoLartë