Свети Трифун, празникот заштитник на лозарите и градинарите, денеска беше одбележан во општина Илинден.
Со благослов за поголем бериќет беа закроени лозјата, велат од општината.
По повод празникот, во црквата Св. Трифун во населеното место Ајватовци се одржа света литургија на која присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со членови на Советот на Општина Илинден
. По завршувањето на литургијата во дворот на црквата се одржа традиционалното закројување на виновата лоза.