Од општина Карпош известуваат дека од денеска започнува реконструкцијата на улицата Варшавска, (од ул. Лондонска до ул. Париска).
Поради изведување на градежните активности, ќе биде воспоставен нов привремен режим на сообраќај бр. 15 – 212/4 од 10.02.2022 година, издаден од Град Скопје, велат оттаму.
Изведувачот на работите ДГПТУ „БИТЕМ“, во понеделник ќе постави и вертикална сообраќајна сигнализација, која ќе важи до завршување на реконструкцијата на улицата.